Роден во Ташкент, Георгиј Зељма многу пати беше на службени патувања во Централна Азија и стана познат низ СССР по неговите фотографски сведоштва за животот не само во неговата Узбекистанска ССР, туку и во другите републики. Тој се залагаше за женските права, за еманципација на жените на Истокот и активно известуваше за женските собири во Азија. За време на Втората светска војна Зељма беше на фронтот и испраќаше фотографии за весникот „Известија“. Многу од неговите снимки се признаени како класика на воената фотографија. По војната, тој продолжи да соработува со разни советски списанија, одеше на службени патувања низ Советскиот Сојуз и фотографираше различни области од животот, од земјоделство до риболов и производство.
Меѓународниот ден на жената, 8 март, Ташкент, 1924.
На матичар, Ташкент, 1925.
„Долу чадорот!“, 1925.
„На повикот на Комсомолот – во рудник!“ Работници во рудникот „Горловка“, 1930.
Нова информација на огласната табла. Узбечка ССР, 1930-тите.
Празнични демонстрации на Црвениот плоштад, 1931.
Говорот на Сталин на VIII Сесојузен конгрес на Советите, 1936. (фотографија со Михаил Прехнер)
Првиот глисер во каналот Москва-Волга, 1937.
Комсомолката Гана Пашкова
Писателот Константин Симонов на Северниот фронт, 1941.
„До последната капка крв!“, 1942.
„Војниците нека отспијат малку“, 1942.
Пролетни заробеници, 1942.
Битката за Куќата на Павлов. Сталинград, есента 1942.
Воени другари. Сталинград, декември 1942.
Заробени Германци близу Сталинград, 1942.
Знамето на победата над Сталинград, 1943.
Награда за патриотот, 1943.
Ударничката Паша Ангелина со членовите на својата бригада во поле пред жетва, 1945.
Пролет во пустината Каракум (Гарагум, „Црн песок“), 1950-тите.
Комсомолско езеро, Ташкент, Узбечка ССР, 1954.
Риболовец. Естонска ССР, 1970-тите.
Подвижна лента. Естонска ССР, 1970-тите.
Ученици-пионери. Киргиска ССР, 1970-тите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче