Денес многу жени во Русија не можат да си го замислат животот без да одат на маникир, бидејќи и ноктите се еден вид „лице“. Меѓутоа, овој феномен не е никаков новитет дури ни во Русија. Маникирки имаше во Русија и пред педесет, па дури и пред сто години.
Маникирање 1926 година
Аркадий Шайхет/МАММ/МДФВо Советскиот Сојуз немаше салони за убавина во модерна смисла, но имаше фризерски салони со маси за маникир. А редиците кај вештите мајстори не беа ништо помалку од денешните, бидејќи жените секогаш сакаа да бидат убави. Се разбира, немаше многу од инструментите што ги има денес (денес под „руски маникир“ обично се подразбира употреба на апарати, а не на инструменти).
Салон за убавина во Алма Ата, 1971.
Јуриј Кујдин/SputnikМаникирањето опфаќаше неколку фази. Најпрвин се обликуваа ноктите, а потоа шаките се натопуваа во вода со сапуница за да се омекне кожичката кај коренот на ноктите. Потоа мајсторот вршеше класичен маникир користејќи специјални пинцети и ножички. Доколку клиентот сакаше, се лакираа ноктите. Во тоа време немаше гел-лакови, само обични лакови од советско производство. А се произведуваа уште од триесеттите години на минатиот век.
Во советски фризерски салон
А. Геринас/SputnikРазбирливо е дека за време на војната во четириесеттите години немаше лакови, но во текот на наредните децении советската индустрија успешно произведуваше најразлични нијанси и бои. На интернет сè уште можете да најдете огласи за продажба на советски лакови стари 50 години и тие се во многу добра состојба. Најчесто се среќаваат лакови произведени во Москва и Ленинград.
Советски лак
boat-swain/meshok.netЛаковите во средината на минатиот век беа претежно црвени или „nude” (голи) нијанси (тука спаѓаат боја на кафе, беж боја, боја на карамела и боја на седеф). Носењето темни нокти (или целосно црни) се сметаше за непристојно, па дури и провокативно. Розовата и беж нијансата беа резервирани за секој ден, а црвената за специјални пригоди. Постоеја и безбојни лакови.
Честопати маникерките сами ги мешаа лаковите и добиваа посебни нијанси, бидејќи немаа секогаш на располагање сè што ќе посакаше клиентот. Освен тоа, во седумдесеттите и осумдесеттите беа во мода седефни, а не мат нијанси.
Бугарски лакови
meshok.netКон крајот на седумдесеттите во СССР се појавуваат увезени лакови. Најпознати и најпрестижни беа француските производители Lancôme и Estée Lauder, иако и попристапната полска и унгарска козметика производи беа на цена. И додека лакови од земјите од источниот блок можеа да се најдат во слободна продажба, западноевропските производи беа вистинска реткост.
Во советско време цените на услугите и стоките низ целата земја беа приближно изедначени (освен во ретки случаи). Освен тоа, цените беа испечатени на самата етикета. На пример, советските лакови за нокти во осумдесеттите чинеа 30-80 копејки (во зависност од пакувањето и производителот), што беше во ценовниот опсег на десет јајца или два леба. Додека третманот кај маникир беше поевтин, само 20-40 копејки (со и без лакирање).
Студентки на академијата за театар и филм, идните актерски ѕвезди Маријана и Анастасија Вертински
Valery Gende-Rote/TASSМеѓутоа, и покрај пристапната цена, жените не одеа често на третман, оставајќи го само за посебни прилики. Кај добрите мајстори секогаш имаше долги редици, а жените немаа премногу слободно време. Затоа многумина претпочитаа да си прават маникир сами дома.
Во советско време, да се има добар прибор за маникир беше нешто што се подразбира. За важноста на негата на рацете постојано пишуваше главното женско списание „Работничка“ (како и книгите за домаќинство). Пред сé се истакнуваше важноста на хигиенскиот маникир (исто така и за мажите). Ноктите мораа да бидат кратки, чисти, без кутикули и оштетувања, додека лакирањето беше прашање на време и вкус.
Фабрички маникир
Виктор Лисицин/TASSКомплетот ги вклучуваше истите инструменти како и денес, односно разни ножички, пинцети и турпии за обликување на ноктите и отстранување на вишокот кожичка кај коренот на ноктот. Често во комплетот имаше и пинцети за веѓи или инструменти за педикир (што, се разбира, исто така се правеше). Сето тоа беше спакувано во цврсти футроли и погодно за носење.
Цената беше релативно висока, 4-8 рубли. Се сметаше дека таквиот комплет е добар за подарок. За оние кои често патуваа се произведуваа инструменти на склопување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче