Каква беше Русија 2003 година (ФОТО)

Сергей Гунеев/Sputnik
Да погледнеме неверојатни фотографии кои покажуваат како изгледаше земјата пред 20 години.

На фудбалски натпревар.

Таа 2003 година во Русија претпоследен пат се славеше 7 ноември. Тоа беше годишнината од револуцијата во 1917 година или, како што се нарекуваше во 1990-тите, Денот на договор и помирување во Русија.

Подоцна празникот беше укинат, но беше воведен нов наречен Ден на национално единство на 4 ноември.

Прилично свеж поглед на Москва. Соборната црква „Христос Спасител“, која во 1930-тите беше урната од болшевиците, беше повторно изградена кон крајот на 1990-тите, а од 2000 година таму почнаа да се одржуваат литургии. Во советско време, на нејзино место беше отворениот базен „Москва“.

Состанок на Владимир Путин и патријархот Алексеј II.

Познатата руска гимнастичарка Алина Кабаева по освојувањето на медал на Европското првенство.

Слика која со векови не се менува: одгледувачи на ирваси на полуостровот Јамал.

Санкт Петербург во 2003 година прослави 300 години постоење.

И празникот беше одбележан во голем стил.

Присуствуваа и истакнати меѓународни гости, вклучувајќи го и тогашниот претседател на САД Џорџ Буш. 

Владимир Путин ја отвора новата железничка станица Ладога во Санкт Петербург.

Скапоцената килибарна соба на дворецот во Царско Село по реставрацијата.

Ваква беше модата во 2003-та.…

Прекрасната Елисеевска продавница во Москва беше отворена по реставрацијата.

Ултра модерниот компјутерски центар на Московската берза (во своето време, се разбира).

Млади гимнастичарки сонуваат за големи достигнувања.

Погодете кој е овој младич? Точно, рускиот бизнисмен Роман Абрамович.

„Капењето на црвениот коњ“ на Кузма Петров-Водкин. Изложбата беше посветена на 125-годишнината од раѓањето на уметникот.

„Копејка“ – еден од првите супермаркети со ниски цени во Русија.

Двојка присуствува на изложба посветена на Сталин.

Чеченскиот судир (контратерористичка операција на територијата на севернокавкаскиот регион) во 2003 година беше во зовриена фаза.

Првата егзибициска трка на „Формула 1“ во Москва се одржа пред Московскиот државен универзитет.

Нобеловата награда за физика во 2003 година беше доделена заеднички на руските физичари Алексеј Абрикосов и Виталиј Гинзбург (на сликата подолу) и на британскиот Американец Ентони Џејмс Легет, „за пионерскиот придонес во теоријата на суперпроводниците и суперфлуидите“.

Млади жени го слават Иван Купала, традиционалниот словенски летен празник.

Музичар во Дербент, република Дагестан.

Вака изгледаше работата на новинарите 2003 година. На сликата подолу – известување за изборите во Чеченија.

„Алови едра“, нов станбен комплекс во Москва.

Во Државната кремљовска палата. Амблемите на советските републики останаа како дел од историската архитектура.

Настап на фолклорниот ансамбл на Чукотка.

Студентки на балетската академија „Ваганова“ во Санкт Петербург.

Викторија Лопирева победи на натпреварот во убавина „Мис на Русија“ 2003 година. Се смета за една од најубавите жени во Русија и стана заштитно лице на Светското првенство во фудбал во Русија 2018.

Жена-возач на трамвај дотерана за Нова година во својата смена.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња