Леон Закс дошол во СССР кога имал само седум години. Неговите родители биле од Руската Империја, но тој е роден во Канада. Во 1925 година неговиот татко, комунист, решил да се одѕиве на повикот на СССР на социјалистичките работници од целиот свет и се преселил во Москва. Леон покажал музички талент веќе на 4 години, кога започнал да свири виолина. Неговите родители биле сиромашни, но правеле сѐ за да го поддржат талентот на својот син.
Леон Закс (стои) со своите педагози, Пјотр Стољарски (лево) и Давид Ојстрах
АрхиваМеѓутоа, Леон во Москва можел бесплатно да учи и да вежба виолина, благодарение на специјалната школарина на советската влада за надарени деца. „Закс е сериозен и техничко доволно усовршен музичар. Природен вкус, ритмичко чувство, фина работа со прстите се најдобрите особини на Закс“, напишале за него во 1935 година московските дневни весници. До 1937 година се запишал на Московскиот конзерваториум, студирајќи под надзор на познатиот виолинист Давид Ојстрах.
Леон Закс со своите ученици од музичката школа „Гнесини“
АрхиваВо 1941 година Леон Закс е повикан во Советската армија и три години служел во Централниот дом на симфонискиот оркестар на Црвената армија. Во најтешката доба на СССР Леон ја запознал својата сопруга, пијанистиката Муза Денисова, со која имал две деца. По војната, Леон Закс започнал да работи во Бољшој театар и станал главен виолинист на неговиот оркестар, како и негов концертен директор. Почина во 1977 година на концертна турнеја во Грција.
Лојд Патерсон со синот Џејмс
Од архивата на Џејмс ПатерсонЛојд Патерсон израснал во Њујорк, каде што студирал дизајн на ентериер, но, поради зголемениот расизам во САД, во 1932 година Патерсон заминал во СССР, државата која пропагираше расна рамноправност. Во Москва требало да учествува во снимањето на „Црно-бело“, филм за расните предрасуди. Иако снимањето на крајот беше откажано, Патерсон остана во Русија.
Во Москва Лојд ја запознал Вера Аралова, моден дизајнер и уметница родена во Украина, ќерка на советски воен разузнавач. Иако властите во СССР со внимание гледале на браковите со странци, тука направиле исклучок поради таткото на Вера. Патерсон и Арлова имаа три деца. Работеше како дизајнер во Москва, а стана и радиоводител, еден од ретките говорители на англиски на советското радио.
Кога започна Втората светска војна, семејството на Патерсон беше евакуирано на Сибир, но тој остана во Москва. За време на едно од нацистичките бомбардирања на Москва во 1941 година Патерсон доживеа потрес на мозокот. Евакуиран е во Сибир, каде повторно се спои со семејството. Почина една година подоцна во Комсомољск на Амур.
Родена во методистичко семејство во Њуварк, Маргарет беше одлична на училиште и на колеџ и стана наставничка по англиски јазик и литература. Потоа работеше во средно училиште во Медија, Пенсилванија, до 1932 година. Меѓутоа, како што започна Големата депресија, Маргарет стануваше сѐ повеќе разочарана од внатрешната политика на САД и реши да се обиде да замине во СССР на една година.
Маргарет Ефремова (Ветлин)
АрхиваМаргарет дојде во Нижни Новгород каде во фабриката за автомобили живееја и работеа многумина американски граѓани со своите семејства. Таа ги учеше нивните деца. Во Русија го запозна Андреј Ефремов, режисер и близок соработник на Константин Станиславски. Се омажи за него во 1934 година, а една година подоцна добија син.
Кога во 1937 година советската влада одлучи странците кое живеат во СССР или мораат да земат советско државјанство или засекогаш да ја напуштат земјата, Маргарет одлучи да остане и се вработи на Институтот за странски јазици во Москва.
Меѓутоа, беше принудена од страна на КГБ да известува за своите и за пријателите и познаниците на нејзиниот маж, што често резултираше со нивно „исчезнување“. Никогаш не сакаше да го прави тоа, но тајните служби постојано ѝ се закануваа. За време на Втората светска војна Маргарет го следеше својот сопруг, кој организираше приредби за советските војници, често во близина на фронтот.
По војната Маргарет започна да ја проучува руската литература. Подоцна ќе ја објави книгата за познатиот драмски писател Александар Островски. Ја напиша и „Руски пат“, книга за нејзините патувања низ СССР. По смртта на својот сопруг во 1968 година Маргарет размислуваше да се врати во САД. КГБ ѝ го дозволи тоа.
Нејзината ќерка и внукот со неа се преселија во Филаделфија, додека нејзиниот син остана во СССР, но тој и неговото семејство повторно ѝ се придружија на мајка си седум години подоцна. Маргарет Ветлин почина во 2003 година во Западна Филаделфија.
За разлика од многумина други Црнци од Америка кои потекнуваат од семејства на берачи на памук, Оливер Голден производството на памук го направи свое главно поле за работа. Неговиот татко порано бил роб, но по ослободувањето станал имашен земјоделец. Оливер, пак, студирал земјоделство кај друг афроамерикански научник, Џорџ Вашингтон Карвер.
Оливер Џон Голден и Берта Бјалек
АрхиваВо 1930 година Џорџ Карвер му помогнал на Голден да собере група земјоделски научници и да ги испрати во СССР. Тие 16 и Оливер со сопругата Берта Бјалек, полска емигрантка, заминале во СССР. Најпрво во Ленинград, а потоа во Узбекистан.
Голден бил свесен за потенцијалот на индустријата со памук во Узбекистан. Американците исто така ја сфатиле тежината на работата на страшната жештина и сакале да помогнат во развојот на памучната индустрија во оваа советска република.
Групата научници работела во Ташкент, и откако нивните првобитни договори завршиле, многумина од нив останале во Узбекистан.
Голден и починал таму во 1940 година, додека неговата ќерка Лила Голден станала познат советски и руски историчар и заговорник за правата на црнците.
Исто како и Леон Закс, Томас Зговио заминал во СССР со својот татко комунист. Во 1935 година Џозеф Зговио е депортиран од САД „како комунистички агитатор“. По доаѓањето 19-годишниот Томас го искина американскиот пасош.
Сакаше да го продолжи сликарското школување, но не беше примен на ниту една уметничка школа во Москва. Работеше како илустратор во списанија. Во 1937 година Џозеф е уапсен. Разочаран во советскиот режим, Томас отиде во американската амбасада за да се обиде да си го врати своето американско државјанство, но НКВД го уапси веднаш по излегувањето од амбасадата. Со тоа започна неговото долго и мрачно патување низ советскиот систем на ГУЛАГ.
Томас Зговио
АрхиваТомас не ја одрекуваше својата желба да го напушти СССР, па беше осуден на принудна работа како општествено опасен елемент.
„Нашиот воз тргна од Москва на 24 јуни навечер. Тоа беше почеток на патувањето на исток кое требаше да трае еден месец. Никогаш нема да го заборавам тој момент. Седумдесет луѓе започнаа да плачат“; вака Зговио го опишува поаѓањето на возот со осуденици за Владивосток.
Како сликар, Зговио, неочекувано за него стана важна личност во работните логори. Културата на затворските тетоважи тогаш беше мошне важна во затворскиот систем, а Зговиот постојано беше зафатен со правење тетоважи. Тоа барем малку му го разубави животот во логор, зашто беше под заштита на најопасните криминалци.
„Мртви тела во Долината на смртта“, Томас Зговио
По десетина години Зговио е ослободен и му беше дозволено да се насели на Далечниот Исток. Во 1956 година успеа да се врати во Москва, а во 1960 година конечно се врати во Америка, каде ја напиша книгата „Драга Америко! Зошто се свртев кон комунизмот“. За време на својот престој во логорите, Зговио бил сведок на многу страшни работи и ѕверства, што ги има опишано во својата книга. Неговите извештаи се важен историски извор во врска со тешката состојба во логорите на Далечниот Исток по Втората светска војна.
Томас Зговио остатокот од својот живот го минал во САД, се оженил и имал деца. Починал во 1997 година во Меси во Аризона.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче