Како едно афроамериканско семејство мина пат од ропство до рускиот Холивуд

Russia Beyond (Дмитриј Дебабов / Sputnik, Courtesy of James L.Patterson)
Лојд Патерсон ги напуштил Соединетите Американски Држави во триесеттите години од минатиот век, бегајќи од расната сегрегација. Неговиот син во СССР како дете станал глумец, а подоцна подморнички офицер, па советски поет. Во шеесеттите години од минатиот век ги објави мемоарите на својата баба за неверојатната судбина на нивното семејство, книга која дури оваа година беше напечатена во превод на англиски јазик.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

„Оваа земја направи чуда. Лојд се пронајде тука“, има напишано Маргарет Гласко за својот син Лојд Патерсон кој во триесеттите години од минатиот век ги напуштил САД и заминал во Советскиот Сојуз. И покрај тоа што во Русија тоа бил периодот на Сталиновите чистки, за него тоа било побезбедно место. Барем не му се заканувала опасност од Кју Кукс Клан.

Заминување од САД

Лојд Патерсон бил внук на роб. Се школувал за сценски дизајнер на театарскиот колеџ за црнци во Вирџинија. Меѓутоа, колеџот е затворен по штрајкот на студентите и скандалот со нивниот наставник кој му припаѓал на Кју Кукс Клан.

Потоа Лојд случајно видел оглас во кој Советска Русија барала група млади Афроамериканци за филмски проект. Во 1932 година Лојд со уште неколкумина Афроамериканци во потрага по расна еднаквост, по работа и по подобар живот заминал во Советскиот Сојуз..

Лојд Патерсон (трети ред, втор оддесно) и неговите колеги на пат за Москва

Патерсон започнал да работи како глумец во советскиот филм „Црно и бело“ кој имал за цел да го прикаже американскиот расизам. Од проектот, меѓутоа, се откажале. Сепак, Лојд останал во Советскиот Сојуз, научил руски и се оженил за советската модна дизајнерка Вера Аралова.

Лојд и Вера добиле три деца. Тој продолжи да работи како глумец и како дизајнер на ентериери. Потоа стана радиоводител, меѓу првите во советската програма на англиски јазик. Неговата радиска кариера напредуваше брзо.

Вера Аралова Петерсон со синовите Џејмс и Том

Кога започна Втората светска војна, Вера и децата беа евакуирани во Сибир, а Лојд остана во Москва. За време на бомбардирањата беше ранет и евакуиран на Урал, а потоа на Далечниот Исток. Меѓутоа, во 1942 година, точно десет години по доаѓањето во СССР, почина од компликации од ранувањето.


Џејмс Лојдович

Лојд Патерсон и неговиот син Џејмс

Еден од синовите на Лојд, Џејмс, е роден во 1933 година. На само три години глумеше во советскиот филм „Циркус“ (1936) и така стана најпознатото црно дете-глумец во руската историја.

Филмот ја величаше советската расна толеранција. Според заплетот, откако родила црно дете, американската циркуска уметница е прогонета. Како гостински уметник заминува во советска Москва каде пронаоѓа засолниште, среќа и љубов, Во овој кадар гледаме како нејзиното црно момче е топлo прифатено во советската земја.

Кадар од филмот „Циркус“, каде го гледаме Џејмс и неговата филмска мајка Љубов Орлова

Иако филмот беше неверојатно популарен во СССР и му донесе на Џејмс слава, тој повеќе не ја продолжи актерската кариера. Патерсон Помладиот сонуваше за море, па дипломираше на престижната Нахимовска воена морнаричка академија. Стана подморнички офицер, а во слободно време пишуваше стихови.

Џејмс како кадет на морнаричката школа

Кога во 1963 година ја објави првата збирка стихови „Русија. Африка“, Џејмс реши да ја напушти воената служба и да се запише на Институтот за литература „Максим Горки“. Стана советски поет, член на советскиот сојуз на писатели и редовен автор во литературните списанија. Патуваше низ Русија и ги читаше своите стихови. Исто така во Комсомољск на Амур на Далечниот Исток во Русија постави меморијална табла во чест на својот татко.

Книгата што ја поврза американската и советската историја

Во 1964 година Џејмс Патерсон одлучи да ги објави „Хрониките на левата рака“; мемоарите на својата баба Маргарет Гласко.

На корицата на книгата е фотографијата на Џејмс Патерсон со својата баба Маргарет Гласко во Москва, 1935 година.

Маргарет Гласко била ќерка на Патрик Хагер. Тој бил вонбрачно дете на сопственик на плантажа и исто така жртва на ропството. Како бебе по некакво чудо преживеал откако сопругата на сопственикот на плантажата го фрлила во оган (иако тешко ја имаше повредено раката). Соочен со неправилноста на својата положба и со економската потчинетост, не можел да го прифати животот во ропство и се борел за своите права. На крајот успеал да ја откупи својата земја.

Маргарет исто така била жртва на расната сегрегација и напорно работела со цел на својот син да му овозможи образование кое таа самата не можела да го добие. Набргу нејзиниот син Лојд се преселил во СССР, а Маргарет му се придружила. Работела неколку години во фабрика за автоделови во Русија.

Додавајќи сопствени коментари на сеќавањата на својата баба, Џејмс Патерсон ја објави книгата во Русија.

Старата приказна оживеана на англиски јазик

За време на пандемијата со КОВИД-19 Ејми Балард, пензионирана службеничка на Музејот Смитсонијан во Вирџинија, нашла напис во списанието „Лос Анџелес ривју од букс“ под наслов „Само еден остана: Разговор со Џејмс Лојдович Патерсон за филмот 'Циркус' на Григориј Александров“. Тогаш се сетила дека пред повеќе години присуствувала на предавање за Афроамериканци кои се преселиле во Советскиот Сојуз, каде се споменувале и неговото име.

Дознала дека господин Патерсон во деведесеттите години од минатиот век со мајка си се преселил во САД. По распадот на СССР тие како поет и модна креаторка барале финансиска стабилност. Исто така дознала дека Вера Аралова починала во 2001 година во Америка.

Ејми Балард го интервјуирала Патерсон кој денес живее во Вирџинија. „Ми зборуваше на неговата мајка и за неговиот татко кои и денес му недостасуваат, години по нивната смрт. Исто така ми рече дека му недостасува руската храна и чоколадата што ги јадел како дете“, вели Ејми.

Џејмс Патерсон во Вашингтон

Заедно превртеле еден куп хартии, семејни фотографии и песни од неговото време во Вашингтон. „Размислував за тоа, иако господинот Патерсон имал привилегија да биде филмска ѕвезда, дека тоа негово искуство потекнало од борбата на повеќе генерации на американско тло“, вели Ејми.

Ејми Балард го иницирала и го координирала англискиот превод на книгата на бабата на Патерсон. Со својот тим ентузијасти приредила превод на оригиналните мемоари, како и писма на Лојд Патерсон до неговото семејство. Исто така во изданието е додадена и животната приказна на Џејмс Патерсон во фотографии.

Книгата „Хроника на левата рака“ со поднаслов „Патот на едно афроамериканско семејство од ропство до рускиот Холивуд“ беше објавена во 2022 година во САД (кај издавачот Њу академија паблишинг). Прикажувајќи ја нераскажаната приказна од историјата на Афроамериканците, книгата исто така изнесува малку позната епизода од животот на црнците во Советскиот Сојуз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња