Доцна вечерта на 5 март 1953 година почина Сталин, кого во СССР често го нарекуваа „водачот на народите“.
Рано утрото на 6 март во земјата беше објавена веста за смртта на Сталин. Сликата подолу покажува работници во фабрика кои слушаат радио тој ден.
Масовното испраќање на Сталин започна во Домот на синдикатите на 6 март, каде што беше изложен ковчегот со неговото тело. И тоа траеше три дена и три ноќи.
Митрополитот на Руската православна црква Николај во почесната стража покрај ковчегот на Сталин.
На 9 март во Москва се одржа погребот на Сталин, при што изби човечко стампедо во центарот на градот, каде според официјалните податоци загинаа повеќе од сто луѓе.
На 1 септември беше отворен еден од облакодерите на Седумте сестри, последниот реликт од ерата на Сталин - зградата на Московскиот државен универзитет.
Во таа година привршуваа и работите на зградата на Министерството за надворешни работи.
Во Москва таа година беше отворена новата метро-станица „Арбатскаја“.
Пред метро-станицата „Арбатскаја“.
Поставување на мозаик во внатрешноста на метро-станицата „Киевскаја“, која конечно ќе биде отворена во 1954 година.
Александар Солженицин штотуку беше пуштен од Гулаг, но веднаш потоа протеран во Казахстанската ССР. Идниот писател е на сликата подолу во затворска облека.
Нови модели на ватник, топла јакна поставена со вата.
Деца слушаат радио.
„Сите на избори!“
„Хм, што не штима овде?“
Читалната во Лениновата библиотека.
Сите се зафатени со учење – дури и тато!
Гимнастичарка изведува спектакуларен скок.
Семејство се слика пред споменикот на Петар Велики „Бронзениот коњаник“ во Ленинград (денес Санкт Петербург).
Футуристичка сушара за жито на колхозна фарма на рускиот север.
Комсомолци го слават претстојното заминување во недопрените територии на Алтај кои тие ќе ги развиваат.
Деца во градинка ги мијат рацете пред ручек.
Лето. Другари. Младост.
Пчелар ги покажува своите пчели.
Ученички зафатени со водење на училишното радио.
Шеф на технички клуб подучува свој ученик.
Иван Карташев, добитник на Сталинова награда и бравар во фабрика за машини.
Парада по повод празникот на трудот во Москва.
Војник му оддава почит на паднатиот брат по оружје.
Калининград (поранешен Кенигсберг) неодамна стана дел од СССР. Долу, туристи го посетуваат гробот на Имануел Кант.
Од времето на Втората светска војна па до 1954 година постоеја одвоени училишта за девојчиња и момчиња.
Во фабриката за склопување автомобили „Москвич-400“.
Реконструкција на стоковната куќа ГУМ во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче