Како изгледало рекламирањето во царска Русија?

Јавен домен
Рекламната индустрија се развивала брзо во Русија во XIX век. Многу реклами од таа ера биле вистински уметнички дела.

Рекламирањето во Русија првпат се појавило во вид на „лубок“, популарен принт кој се карактеризира со едноставна графика и наратив. Покрај религиозните и популарни приказни кои сочинувале голем дел од тие принтови, тие биле користени и за рекламирање. На пример, некои принтови рекламирале тутун, чевли и други производи.

Некои трговци ангажирале продавачи кои барале потенцијални купувачи за нив со директен пристап. Овие луѓе биле платени да бидат гласни во нивните пофалби за одреден производ, со што ја зголемувале продажбата.

Тој примитивен облик на рекламирање го отворил патот за поразработен пристап кон маркетингот во царска Русија. На почетокот на XIX век рекламните постери, банерите и знаците почнале да се здобиваат со популарност во Русија. Оттогаш рекламите значително се развиле.

Рекламирањето се развивало толку брзо што улиците на Москва и Санкт Петербург набрзо биле преполни со рекламни натписи.

Списанијата и весниците почнале да објавуваат и огласи. Во тие огласи се продавало сè, од медицинска и декоративна козметика за жени кои сакаат да ги прикријат пегите или акните до помади за стилизирање, триење, еликсири, фиксативи, миризливи масла и разни препарати за раст на косата и мустаќите наменети за мажи.

Набргу рекламната индустрија во царска Русија еволуира понатаму. Трговците почнале да ангажираат познати уметници за дизајнирање и цртање на детални и разработени рекламни постери.

Овој плакат за рекламирање на пиво е дизајниран од познатиот руски уметник Иван Билибин.

Понекогаш за таа работа биле ангажирани и странски уметници. Овој постер за Apricot & Sons Partnership, познат производител на кондиторски производи, е дизајниран од германски и австриски уметници.

Рекламирањето на слатки и чоколади било многу популарно во Русија во XIX век.

Рекламата на „Сингер“, американскиот производител на машини за шиење, била многу популарна во Русија. Се појавила на плакати покрај патишта, на фасади на куќи, во излози на продавници и во весници и списанија.

Друга американска компанија која интензивно се рекламирала во царска Русија била „Кодак“. Рекламите за нејзините компактни камери се појавувале редовно во печатот.

На крајот на XIX век биле користени атрактивни слики за да се пренесе одредена емоција, а не само да се пренесе порака за некој производ.

На пример, овој постер користи слика на девојка која со љубов му нуди на својот дедо кутија од наводно најдобрите цигари достапни во тоа време.

Друга реклама за тутунски производ тврдела дека цигарите имаат вкус на крем.

Во царска Русија имало многу реклами за цигари и тутун.

Овие постери прикажуваат слики на жени кои рекламираат стоки како парфем, сапун и пиво.

Ова е постер кој рекламира конзервирана храна.

Ова е реклама за фенери на масло произведени во Рига и продавани во Санкт Петербург.

Галошите исто така биле рекламирани со помош на убаво и детално дизајнирани плакати.

Два рекламни постера за кафе и чај:

Широко распространети биле и рекламите за алкохолни пијалаци како пиво, коњак и вино.

Меѓутоа, по руската револуција, болшевиците го монополизираа правото на рекламирање производи во новоформираниот Советски Сојуз. Кликнете овде за да прочитате повеќе за рекламите во СССР.

Или кликнете овде за да дознаете како производителите на оружје го рекламирале оружјето во Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња