Кои производи ги рекламираше СССР пред странската публика?

Archive photo; S. Blokhin/Sputnik
Некои од советските производи прераснаа во познати брендови во капиталистичките земји.

Советското рекламирање беше уникатен феномен. Теоретски, немаше вистинска потреба од реклама во советската планска економија, која се одликуваше со недостиг на стоки за широка потрошувачка и отсуство на вистинска разновидност.

Од друга страна, во СССР имаше мноштво реклами. Советската рекламна индустрија почна да се шири во 1960-тите и 1970-тите, кога владата основаше бројни рекламни агенции за креирање на секаков вид реклами: постери, видео-реклами и други несекојдневни формати како што се сувенирите, на пример.

Некои од советските производители беа во профитабилна позиција да ги продаваат своите производи во странство. Во капиталистичките економии на западните земји, рекламата стана еден од клучните фактори за советските производители кои сакаа успешно да ги пласираат своите производи на странски купувачи.

Оваа тенденција изнедри неколку интересни постери кои рекламираа алкохолни пијалоци од советско производство, цигари, автомобили, машини, електроника, па дури и тркачки коњи.

Вотката произведена во СССР беше, можеби, најприродниот производ за рекламирање и продажба во странство.

„Пробајте ја познатата руска вотка позната по својот врвен квалитет, најзаводливата привлечност и префинетиот вкус“, пишуваше на еден таков постер.

Затоа култниот бренд „Столичнаја“ нашироко се рекламираше во странство.

Покрај најпознатиот руски пијалок, се рекламираа и советски вина и шампањ.

Црниот кавијар произведен во СССР се продаваше на пазарот како врвен деликатес, способен да ја трансформира „журката“ во „настан“ со големо „Н“.

Советската марка цигари „Тројка“ беше рекламирана со постер кој ја прикажува традиционалната комбинација од три коњи кои влечат санка.

И советската автомобилска индустрија ги рекламираше своите производи пред странските клиенти.

Моделите како што се „Москвич“ и „Волга“ беа познати во странство.

„Москвич-408 е најдоброто што се го купиле!“ гласеше еден од огласите.  

Сепак, вистинската приказна за успехот на автомобилската индустрија на СССР беше „Лада“, особено „Лада Нива“. Автомобилот беше сигурен, издржлив и со конкурентна цена. Сите овие аспекти се истакнати во повеќе печатени огласи и видео-реклами.

Некои од моделите на автомобили како „ЗАЗ“, „Лада“, „Москвич“ и „Волга“ ги рекламираа жени со што ги разубавуваа и рекламата и самиот автомобил.

Оваа кино-реклама направена за британската публика го споредува автомобилот „Лада“ со диви африкански животни.

Имаше и други огласи за продажба на часовници, електроника и фотоапарати од советско производство на странски купувачи.

„Шеесет земји го купуваат советскиот фотоапарат. Кога ќе го добиете, ќе видите ЗОШТО“, тврдеше еден оглас за познатиот советски фотоапарат „Зенит“. 

Советската радио опрема беше рекламирана со акцент на советските достигнувања во вселенската трка меѓу СССР и САД.

Дури и советските тркачки коњи имаа своја реклама!

Советската авиокомпанија „Аерофлот“ направи квалитетни реклами за странските патници кои патуваат во СССР.

Покрај сето горенаведено, СССР како држава се рекламираше како потенцијална туристичка дестинација. Еве неколку примери.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња