Неверојатно убави и раскошни дијадеми од брилијанти, смарагди и сафири ѝ припаѓале на династијата Романови и им биле добро познато на европските монархии. Имаат необичен облик. Поголемиот дел од нив личеле на „кокошник“, старински руски украс што жените сакале да го носат на глава.
Овие украси можеле да се носат и како дијадеми и како ѓердани. Поголемиот дел од нив се изнесени од земјата пред Револуцијата. А, она што не успеале да го изнесат припадниците на царскиот дом, го раскрчмиле болшевиците на аукции.
Овој украс за својата невеста Марија Павловна во текот на седумдесеттите години од 19 век го нарачал великиот кнез Владимир Александрович, помладиот брат на императорот Александар Трети. Тијарата има 15 брилијантски прстени со висечки бисери во центарот на секој од нив.
Марија Павловна со тијарата (варијанта со бисерите); Елизабета Втора со Владимирската тијара. Марија од Тека со тијара (варијанта со смарагди).
Public domainВеликата кнегиња е една од малубројните членки на императорскиот дом Романови која успеала да избега во странство по револуцијата од 1917 година, па дури и да го изнесе својот накит. Еден дел од ризницата е пренесен преку шведската дипломатска мисија во две навлаки за перница, а во пренесувањето на вториот дел помогнал британскиот дипломатски курир. Меѓу тие драгоцености била и Владимирската тијара, од која Марија Павловна не се одвојувала до своја смрт во 1920 година, и која ја оставила во наследство на ќерката Елена, сопруга на принцот Никола од Грција и Данска. Но, таа една година потоа ја продала на британската кралица Марија од Тека за да ја поправи својата финансиска ситуација. Оваа тијара сега ја носи кралицата Елизабета Втора.
Романската кралица Марија и Марија Павловна.
Public domainТијарата-кокошник со брилијанти и со огромни сафири ѝ припаѓала на сопругата на царот Николај Први, царицата Александра Фјодоровна. Направена е во 1825 година. Во комплет со неа имало и брош со висечки украси. Тијарата ја наследила Марија Павловна и ја дала да се преработи во современ облик. Тоа го направила фирмата Картие во 1909 година. Великата кнегиња и неа успеала да ја изнесе од Русија по Револуцијата, но нејзините деца ја продале и оваа тијара, сега на романската кралица Марија, далечна роднина на Романови, со тоа што брошот повеќе не бил во комплетот.
Романската кралица Марија и принцезата Илеана.
Archive photoРоманската кралица ѝ ја подарила тијарата на својата ќерка Илеана, а таа по револуцијата пребегнала во САД, каде во 1950 година го продала накитот на приватно лице, по што на тијарата ѝ се губи трагата.
Тијарата со виолетов дијамант и Марија Фјодоровна.
Public domainДијадемата на царицата Марија Фјодоровна, сопруга на императорот Павел Први, направена е на почетокот на 19 век во облик на кокошник со огромен брилијант. На дијадемата има вкупно 175 крупни индиски брилијанти и над 1.200 ситни со тркалезен облик. Централната низа е украсена со крупни висечки брилијанти во облик на капка. Овој украс покрај свадбената круна бил традиционален дел од костимот на царската невеста на обредот на венчавката.
Ова е единствената оригинална дијадема на Романови која останала во Русија како музејски експонат. Може да се види во Дијамантскиот фонд на Кремљ. Не е продадена благодарение на виолетовиот брилијант за кој стручњаците рекле дека е непроценлив.
Дијадемата „Класје“ (оригинал) и дијадемата „Руско поле“ (Дијамантски фонд на РФ).
Јуриј Сомов/SputnikОваа оригинална дијадема исто така ѝ припаѓала на Марија Фјодоровна. Составена е од златно „класје од лен“, украсено со брилијанти, во чиј центар се наоѓаат бели безбојни сафири кои го симболизираат сонцето. Една од реките фотографии на дијадемата е направена во 1927 година специјално за аукциската куќа Кристи, каде болшевиците го распродавале накитот на Романови. По оваа аукција на овој украс му се губи трагата.
Советските јувелири во 1980 година направиле копија на оваа дијадема и ѝ го дале називот „Руско поле“. Таа се чува во Дијамантскиот фонд.
Војвотката од Марлборо и дијадемата „Руска убавица“.
Public domain; Сергеј Пјатаков/SputnikУкрасот со висечки бисери во 1841 година го нарачал императорот Николај Први за својата сопруга Александар Фјодоровна. По аукцијата во 1927 година дијадемата сменила неколку сопственици. Ја поседувала компанијата „Хоумс енд Ко“, британскиот деветти војвода од Марлборо и првата леди на Филипините Имелда Маркос. Веројатно овој накит е сега во државно сопствеништво на Филипините.
Во дијамантскиот фонд постои копија на овој украс од 1987 година. Се нарекува „Руска убавица“.
Големата брилијантска дијадема.
Public domainОваа голема дијадема со елементи на орнаментот „љубовен јазол“ кој бил популарен во текот на триесеттите години на 19 век кога таа била изработена, исто така за Александра Фјодоровна.
Украсена е со 113 бисери и со десетина брилијанти со различна големина. Неа во следното столетие ја носела последната императорка, исто така Александра Фјодоровна, на отворањето на Државната дума, и тој момент е овековечен на фотографија на Карл Буле.
Царицата Александра Фјодоровна.
Public domain; ЕрмитажБолшевиците и овој украс го продале на аукција, по што на дијадемата ѝ се губи трагата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче