Вилијам Џозеф „Дивиот Бил“ Донован, легендата на американската разузнавачка служба, беше првиот и единствен предок на ЦИА, Канцеларијата за стратешки услуги (англ. Office of Strategic Services, OSS).
Вилијам Донован, септември 1918 година.
Слободни извориОснована во 1942 година Канцеларијата ги обедини разузнавачките одделенија на армијата, флотата, државниот секретаријат и на трезорот кои претходно работеа одделно. Под раководство на Донован Канцеларијата стана моќна структура со стотици разузнавачки и диверзантски операции во земјите од Европа и Азија кои беа окупирани од нацистите и од Јапонците.
Вилијам Донован ја стекна својата слава на боиштата во Првата светска војна во Франција каде за својата несекојдневна храброст е награден со низа воени одликувања и го доби прекарот „Дивиот Бил“. По завршувањето на судирот летото 1919 година полковникот, кој беше на меден месец во Азија, од Вашингтон ненадејно доби наредба веднаш да замине за Русија. Токму тука и започна да ги развива своите вештини за разузнавачка работа.
Вилијам Донован
Слободни извориВрз урнатините на Руската империја во тој момент се водеше жестока граѓанска војна помеѓу црвените, кои под своја контрола ги држеа централните делови на земјата и белите кои се стационираа на Сибир, на Далечниот Исток, на север и на југ. Главната задача на белите беше да ги обединат своите растурени сили и да ги скршат болшевиците, заземајќи ги Москва и Петроград.
Еден од најважните чекори на патот кон оваа консолидација беше прогласувањето на раководителот на Белото движење на Сибир адмиралот Колчак за Врховен владетел на Русија на 18 ноември 1918 година. Неговата легитимна власт (според мислењето на антиболшевичките сили) ги признаа белите генерали во другите делови од земјата.
Голема поддршка на белите можеше да им даде и меѓународното дипломатско признавање, меѓутоа, западните земји не брзаа. Пролетта 1919 година во престолнината на Колчаков Омск, стасаа англиските и француските пратеници за да ја проценат ситуацијата, а летото таму се упатија и Американците.
Генералот на Белата армија Григориј Семјонов со претставници на американската мисија што ја предводеше Вилијам Грејвс. Владивосток, 1918 година.
Слободни извориПокрај полковникот Донован во состав на делегацијата беа и командантот на американскиот експедициски корпус „Сибир“ генерал Вилијам Грејвс и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Јапонија Роланд Морис.
За жал, деталите од мисијата на „Дивиот Бил“ во Русија во која мина околу два месеци останаа непознати. Со сигурност може единствено да се каже дека Американците не ги израдувало она што го виделе во Омск. Повеќе од воочливи беа последиците на крајно неуспешната економска политика на Врховниот владетел, „бруталното, неправедно и нехумано“ дејствување на адмиралот и на неговите козачки атамани, видното отсуство на единство меѓу белите и нивната политичка и воена слабост.
На крајот, благодарение на извештајот на Морис, Грејвс и Донован Вашингтон одлучи да го одложи признавањето на Колчак во својство на врховен владетел на Русија и да заземе пасивна позиција. Веќе есента Белото движење во Русија беше скршено, а западните држави мораа да се договараат со црвените.
Американска војска во Владивосток, август 1918 година.
Слободни извориДознајте уште и за тоа како Русите и Американците ретко директно се судирале на бојното поле. До најголемите судири дојде кога САД зедоа учество во граѓанската војна во Русија – Најголемите порази што американците единици ги доживеале во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче