Каков бил настапот на Руското Царство на своите последни Олимписки игри во 1912

Russia Beyond (Public Domain)
Летните игри во Стокхолм беа последните Олимписки игри на кои учествувала Руската Империја. Следниот пат, четириесет години подоцна, спортистите се појавија на Игрите, претставувајќи го Советскиот Сојуз.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Историјата на олимпиското движење во Руската Империја е прилично куса и предвидливо завршува со распадот на самото царство. Земјата се натпреварувала на три Олимписки игри. Прескокнувајќи ги првите Игри во современата историја во Атина, Русија во 1900 година за првпат учествувала на Вторите игри во Париз.

Потоа руските спортисти се натпреварувале на Игрите во 1908 година во Лондон, каде натпреварувачот во уметничко лизгање Николај Панин ѝ го донесе на Русија првиот и единствен олимписки медал.

И конечно, Русија учествувала на Игрите во Стокхолм во 1912 година, кои, како што излегува, биле и последните. Еве неколку фотографии од руската екипа на Олимписките игри кои се случија пред 110 години.

Церемонијата на отворањето била одржана на 6 јули 1912 година на Олимпискиот стадион во Стокхолм кој бил изграден специјално за Игрите. Шведското кралско семејство присуствувало на настанот и го гледало дефилето на националните тимови. На сликата се руските спортисти на церемонијата на отворањето.

Руската репрезентација броела 181 спортист, од кои многумина биле со потекло од Санкт Петербург, како и од Естонија и од балтичките области на Ливонија, која тогаш била дел од Руската Империја. Истовремено, Финска, која исто така била дел од Русија, учествувала одделно на Игрите.

Репрезентацијата ја предводел великиот кнез на Русија Дмитриј Павлович, роднина на Николај Втори. Самиот принц учествувал во натпреварувањата во јавање, како во поединечно, така и во екипно прескокнување пречки. (Подоцна ќе стане познат како соучесник в убиството на Григориј Распутин).

Репрезентацијата на Русија не се покажала баш многу добро на Игрите, освојувајќи само пет сребрени и бронзени медали, но ниту една златна. Инаку, шампионот во уметничко лизгање од Игрите во Лондон, Николај Панин, овој пат учествувал како стрелец и го освоил 8 место.

Естонскиот веслач Март Кусик го освоил бронзениот медал во поединечна дисциплина скул, латвискиот спортски стрелец Харалдс Блаус ја освоил бронзата во гаѓање (исто така се натпреварувал на Игрите како тркач на патека). Бронзен медал освоила и групата од седум руски едриличари (Еспер Белоселски, Ернест Браше, Карл Линдхолм, Николај Пушницки, Александар Родионов, Јосиф Шомакер и Филип Штраух). Тие биле трети во едрење со десетметарска јахта, зад Шведска и Финска.

Сребрен медал освои и екипата од четворица руски спортисти (Амос Каш, Николај Мељницки, Григориј Пантелејмонов и Павел Војлошников) во гаѓање со брзострелен пиштол од 30 метри.

Рускиот фудбалски тим (на сликата долу) заврши на шестото место, завршувајќи го натпреварувањето по поразот од Финска со 2:1 во четвртина финалето. Потоа на таканаречениот „утешен турнир“ руската фудбалска репрезентација го претрпе најтешкиот пораз во историјата, губејќи од Германија со резултат 0:16.

Меѓутоа, една епизода на рускиот тим на Олимписките игри во 1912 година навистина вредеше! Естонскиот борач Мартин Клајн го освои сребрениот медал откако издржа во најдолгиот боречки меч кој некогаш беше забележан. Се бореше против актуелниот светски шампион, Финецот Алфред Асикаинено, вкупно 11 часа и 40 минути!

По еден ваков исцрпувачки настап, следниот ден не можеше да се натпреварува и го изгуби потенцијалното злато. За разлика од другите спортисти на Руската Империја, тој ја продолжи својата олимписка приказна: во 1919 година стана боречки тренер и ги подготвуваше естонските борачи за Олимписките игри го 1920 година.

Лошите резултати на руските спортисти не го задоволија принцот Дмитриј и тој планираше да организира годишни национални натпреварувања за да се подготви за следните олимписки игри. Така интерни руски олимписки игри беа организирани следните две години, 1913 во Киев и 1914 во Рига, кои тогаш беа дел од Руската Империја.

Потоа дојде Првата светска војна која ги тргна настрана сите спортски настани. Следните Олимписки игри беа одржани во 1920 година во Антверпен, но Русија, поради Револуцијата и граѓанската војна, не беше поканета зашто светот не ја признаваше власта на болшевиците. Советскиот Сојуз е формиран во 1922 година за возврат одлучи да не учествува на „капиталистичките“ спортски натпреварувања, организирајќи своја „Спартакијада“ за работниците и за комунистите од целиот свет. СССР првпат учествуваше на Олимписките игри по Втората светска војна во 1952 година кога советските спортисти беа испратени на Игрите во Хелсинки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња