Oфицијално царот Николај II првпат се запозна со автомобилот во 1896 година, кога ја посети Серуската индустриската и уметничка изложба во Нижни Новгород. Но, тогаш тој не обрна посебно внимание на овој „производ“ и претпочиташе да дегустира вина во павилјонот на кнезот Голицин. Првиот автомобил на царот беше Serpollet на парен погон, но тој речиси веднаш се расипа.
На своето прво возење со автомобил царот Николај тргна во 1904 година. На почетокот во својот автомобил го возеше неговиот брат, великиот кнез Михаил, а потоа и кнезот Владимир Орлов. Орлов, на пример, го возеше императорот во луксузниот модел Delaunay-Belleville, еден од најскапите автомобили во тоа време.
Delaunay-Belleville 70CV со ландо каросерија.
Public domain„Ниту еднаш не удривме пешак. Се разбира, јас секогаш бев крајно внимателен, бидејќи, според мене, недозволиво е автомобилот во кој се вози царот да удри свој поданик“, се сеќава подоцна кнезот Орлов. Возењето набрзо стана секојдневие. Во 1905 година царот Николај посака да има сопствен автопарк. „Не можеме и понатаму да ја злоупотребуваме добрината на Орлов. Купете два-три автомобила и доверете му ја таа работа на Орлов. Тој се разбира во тоа подобро од кој било професионалец“, им напиша царот Николај на своите службеници.
Проектот за гаражата во Царско село, архитект С. А. Данини, 1906.
Public domainВо текот на 1905 и 1906 година беа изградени гаражи во Царско Село и Петерхоф, летните резиденции на царското семејство. Најпрвин за царот и неговото семејство беа купени четири автомобили Mercedes Benz, а потоа беа набавени уште повеќе автомобили. Кон крајот на 1906 година за автомобили беа потрошени над 100000 рубли, што е огромна сума во споредба со годишната заработувачка на еден министер, која изнесуваше околу 1000-1500 рубли.
Автомобили „Рено“ на Дворцовиот плоштад
Public domainПотоа, во 1907 година, во рамките на Министерството на императорскиот двор беше основана „Сопствената гаража на Неговото Императорско Височество“ (официјален назив).
Delaunay-Belleville 70CV SMT
Public domainЗа царот беа купувани само првокласни автомобили: Мегсеdes Benz, Delaunay-Belleville, Renault, Peugeot и др., а во 1911 година беа купени два автомобили Rolls Royce Silver Ghost. Така, во 1917 година, девет автомобили во гаражата им припаѓаа на императорот и неговото семејство, а останатите 17 на членовите на царската свита.
Во гаражата на дворецот.
Public domainВо 1906 година за царски автомобили од државната каса беа издвоени 77277 рубли, во 1907 година 69700 рубли, а во 1909 година беа издвоени 65000 рубли...
Rolls-Royce 40/50HP
Public domainКога во 1911 година беа купени два автомобили Rolls Royce, од касата беа издвоени 96681 рубљи, што е повеќе од годишните примања на сите министри во владата на Русија.
Delaunay-Belleville СА6 45CV.
Public domainЛичниот автомобил на царот „Делон-Белвил“ беше веројатно најскапиот модел во тоа време. Беше долг 5,5 метри и висок над 2 метри. Тој примерок е намерно направен да биде повисок од обичниот модел на Delaunay-Belleville за да може императорот внатре да стои исправено како што сакаше да прави кога минуваше покрај војниците на својата армија или покрај насобрани поданици.
Delaunay-Belleville С4 (40/45CV)
Public domainПокрај тоа, царот Николај II инсистираше сите негови автомобили да бидат „отворени“, т.е. во стилот кабриолет без покрив.
Мерцедес
Public domainОбезбедувањето на царот се плашеше дека во отворен автомобил на царот може да му биде извршен атентат, но императорот Николај беше категоричен, сметајќи дека „на народот треба да му се овозможи да го види својот владетел“.
Пежо тип 69 (Peugeot Bébé)
Public domainИ принцот Алексеј, наследникот на престолот, имаше свој мал автомобил. Тоа беше моделот Peugeot тип 69 (Peugeot Bébé) долг 2,4 метри и широк 1,1 метри. Во него се возеше во паркот во Царско Село, најчесто со шофер и со мала брзина.
Mercedes-Benz и личниот возач на царот Николај II Адолф Кегрес.
Public domainАдолф Кегрес, еден од царските шофери, беше и инженер. Тој измисли специјален механизам кој го нарече „Kégresse“ track, т.е. гасеничен погонски систем „Кегрес“. Кога ќе се монтира овој додаток, автомобилот станува полугасеничар кој полесно се движи на снег надвор од градот.
Руссо-Балт С-24/30
Public domainПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче