Најпознатиот благородник кој тргнал по патот на револуционерната борба и на крајот застанал на чело на „социјалистичката држава на работниците и селаните“ бил Владимир Ленин (вистинскоещ презиме у Уљјанов). Неговиот татко Иљја Уљјанов во 1877 година бил унапреден во чин активен граѓански советски, со што себеси, на сопругата и на децата им обезбедил статус на наследни благородници.
Ленин во својот род има благородници и по мајчина линија. Неговиот дедо Александар Бланк во текот на четириесеттите години од 19 век дотуркал до чин дворски советник и, стекнувајќи се со статус на наследен благородник, купил имот во Кокушкино во Казањската губернија.
„И јас повремено живеев на спахискиот имот кој му припаѓаше на дедо ми“, има речено во една пригода Владимир Ленин на својот соборец Михаил Ољмински: „Во некоја смисла и јас сум спахиско дете. Оттогаш има поминато многу години, но јас уште ги паметам убавите страни од животот на тој имот, ги паметам и неговите липи, и цвеќињата. Осудете ме на смрт, но јас со задоволство се сеќавам како се излежував на стоговите сено, иако не го косев, како јадев јагоди и малини од градината, иако не ги имав јас насадено, пиев тукушто измолзено млеко, иако не ги молзев кравите“.
Ретко кој болшевик може да се пофали со такво родословие какво што имал Георгиј Чичерин. Овој угледен советски дипломат по таткова линија припаѓал на стариот руски благороднички род Чичерини, а по мајчина линија на баронското семејство Мајендорф (Германци кои живееле на Балтикот). Сепак, Георгиј Василевич во животот тргнал по патот на борбата за социјализам.
Дванаесет години наследниот дипломат Чичерин бил шеф на дипломатијата на функција народен комесар (министер) за надворешни работи, и тоа најпрво во РСФСР (Советска Русија), а од 1923 година на СССР. Со негово непосредно учество на 20 март 1918 година потпишан е Брестскиот мировен договор со Германија, со кој Русија излезе од Првата светска војна. Покрај тоа, тој има одиграно клучна улога во извлекувањето на земјата од меѓународната изолација во која се нашле болшевиците откако дошле на власт.
„Чичерин е одличен работник, крајно совесен, паметен и стручен“, велел Ленин: „Ваквите луѓе треба да се ценат. Слабост му е недостигот на 'командирски дух', но тоа не е страшно. Колку луѓе на светов има со обратна слабост!“
Валеријан В. Кујбишев (1888-1935), советски политичар, претседател на Врховниот совет за народна економија (1928-1930).
Sovfoto/Universal Images Group/Getty ImagesВалеријан Кујбишев, член на советската влада и еден од главните советници на Сталин за прашања поврзани со економијата, роден е во Омск во благородничко семејство потполковникот Владимир Кујбишев и учителката во основно училиште Јулија Гладишева. И покрај благородничкото потекло, семејството одвај врзувало крај со крај.
„Не само што не бевме богати, ами и не бевме ни просечно имашни“, пишуваше подоцна Елена, сестрата на Валеријан: „Платите на тато и на мама беа доволни само за живот и за одгледување на осумте деца. Помладите секогаш ја добиваа облеката и обувките од постарите. Сè внимателно се шиеше и се прекројуваше по неколку пати“.
Кујбишев беше задолжен за развој на народното стопанство на Советскиот Сојуз, и беше еден од двигателите на процесот на електрификација и на индустријализација на земјата. Меѓутоа, не успеа да оствари сè што можеше – почина во 1936 година од тромбоза на коронарната артерија кога имаше само 46 години.
Феликс Ѕержински
Universal Images Group/Getty Images/Getty ImagesСо неговото име е поврзано настанувањето на советските органи за државна безбедност. Феликс Ѕержински бил син на полски благородник, сопственик на имотот Ѕержиново (кај Минск). Станал еден од основачите на Серуската вонредна комисија за борба против контрареволуцијата и саботажа (ВЧК или Чека), претходница на КГБ во СССР и на ФСБ на Руската Федерација.
„Ѕержински беше најстрогиот критичар на структурата што тој ја основаше“, ќе напише подоцна неговиот соборец и наследник Вјачеслав Менжински: „Тој постојано ја делеше и ја преуредуваше ЧК, и секогаш одново ги преиспитуваше луѓето, структурата и методите, стравувајќи пред сè во ВЧК-ОГПУ да не дојде до безредие, бирократија, бездушност и рутина... Нему му беше важно само едно: новата форма на организацијата на ЧК и нејзините нови методи, на пример премин од масовни напади на суптилно проучување на контрареволуционерната заедница и обратно, да ја постигнат главната цел, како и претходно. А, таа цел е деморализација и кршење на контрареволуцијата“.
„Железниот Феликс“ беше еден од идеолозите и раководител на големите репресии, на „црвениот терор“ што тој лично го дефинираше како „заплашување, апсење и уништување на непријателите на револуцијата според принципот на нивната класна припадност или на нивната улога во периодите што ѝ претходеа на револуцијата“.
Георгиј Маленков
Derek Berwin/Fox Photos/Getty ImagesПо смртта на Јосиф Сталин на 5 март 1953 година Георгиј Маленков беше поставен за претседател на Советот на министри на СССР, односно беше поставен на чело на државата. По потекло беше благородник, му припаѓаше на македонскиот род свештеници од Охрид кои делумно се преселиле во Русија.
Маленков беше на чело на државата мошне кратко – помалку од две години. Принуден беше да се повлече поради внатрешни политички судири. „Формално беше обвинет за политички утки и грешки“, сметаше советскиот функционер Михаил Смиртјуков: „А, всушност другарите од колективното раководство на земјата не му простија што почна да носи поединечни важни одлуки без да се советува со нив. Како Сталин“.
На почетокот на 1955 година Никита Хрушчов му ја одзеде власта на Георгиј Максимилијанович, но тој уште некое време раководеше со енергетскиот сектор. По неуспешниот обид да го тргне Хрушчов од власта, Маленков во 1957 година конечно падна во немилост и повеќе не учествуваше во политичкиот живот на земјата. Почина на 14 јануари 1988 година, само неколку години пред распадот на СССР.
Прочитајте повеќе за Георгиј Маленков: Георгиј Маленков: Македонскиот потомок кој речиси две години беше на чело на СССР
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче