Георгиј Маленков: Македонскиот потомок кој речиси две години беше на чело на СССР

Името на Георгиј Маленков е малку позната на македонската јавност. Но имено тој е потомок на македонскиот дворјанин Максимилијан Маленков (потомок на познатиот охридски свештенички род Маленкови) и на Анастасија Шемјакина. Токму овој човек за кусо време ќе го предводи СССР по смртта на Јосиф Висарионович.

Сталин почина на 5 март 1953 година, а еден од најблиските соработници на лидерот, Георгиј Маленков, стана шеф на државата. Истиот ден беше избран за претседател на Советот на министри на СССР и веднаш се смести во канцеларијата на „Таткото на народите“.

Г.М. Маленков

Сепак, моќта на Маленков не беше толку апсолутна и неограничена како онаа на неговиот претходник. Иако го поседуваше сето она што беше потребно за најважната позиција во владата, тој мораше да дејствува во согласност со Лаврентиј Берија, кој беше на чело на Министерството за внатрешни работи и со Никита Хрушчов, кој беше секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија.

Георги Маленков успеа да помине помалку од две години на чело на државата. За тоа време, тој ги намали трошоците за одбрана, воведе реформи во лесната индустрија и земјоделството (особено, ги намали даноците за селаните и им ги прости долговите на колективните фарми во последните години). Како резултат на тоа, благосостојбата на селата значително се зголеми. Меѓу народот почна да се слуша популарната песничка: „Му благодарам на Маленков што ми дозволи да имам крава. А, Сталин нека си лежи: тој не ми дозволуваше да имам ниту коза“.

Георги Максимилијанович Маленков и Никита Сергеевич Хрушчов

Меѓутоа, групата луѓе кои не се согласува со политиката на Маленков растеше меѓу раководството на земјата. Хрушчов стана портпарол на нивните интереси. Незадоволството, меѓу другото, беше предизвикано и од неговата одлука да ги преполови платите на партиските функционери, како и занемарувањето на тешката индустрија, одбранбената политика итн.

„Тој беше формално обвинет за политички пропусти и грешки. Во практика, другарите од колективното раководство на земјата не можеа да му простат што почна да донесува некои важни одлуки без да се консултира со нив. Како и Сталин", претпоставува советскиот државен деец Михаил Смиртиков...

Хрушчов постепено се здоби со сила, и бидејќи немаше пречки на неговиот пат (семоќниот Берија беше уапсен со заеднички напори со Маленков и застрелан во јуни 1953 година), тој успеа да го отстрани Георги Максимилијанович од функцијата претседател на Советот на министри во почетокот на 1954 година.

Маленков продолжи да ја води советската енергетика извесно време, но по неговиот неуспешен обид да го отстрани Хрушчов од власт во 1957 година, тој падна во немилост и ја напушти политиката засекогаш.

Прочитајте исто така: Човекот кому Сталин бескрајно му верувал

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња