На улица во градот Бунцлау (денешен Болеславец), Полска, април 1945.
Валериј Фамински/МАММ / МДФ/russiainphoto.ru/Видеото предизвика голем интерес кај корисниците на интернетот, кои се воодушевени од работата на снимателите на фронтот. Воените дописници се на првата линија на фронтот, заедно со јуришните групи на Црвената армија, така што врз основа на снимката може да се сфати тактиката на дејствувањето на пешадијата во уличните борби.
Црвеноармејците носат само „ватники“ (штепувани ватирани јакни) и шинели, без заштитни кираси (оклопи на гради) и шлемови (очигледно ги симнале за полесно да се движат) и така од едно до друго засолниште ги претрчуваат „мртвите зони“ меѓу висококатниците. Нив ги покриваат топови со калибар 76 мм и хаубици со калибар 122 мм, додека оган по горните катови на зградите се отвора од митралези ДСК. Другите екипи ги влечат митралезите „Максим“ на највисоките згради и ги опсипуваат со олово своите цели, т.е. прозорците и другите отвори на зградите во кои можат да се кријат германски митралески гнезда.
Филмската хроника завршува со сцени на предавање на германски пешадијци. Искинатите униформи и исцрпените лица велат дека Германците долго време поминале во борба пред да се предадат.
Љубителите на историјата утврдија дека филмот е снимен во текот на борбите за полскиот град Познањ во периодот од 26 јануари до 23 февруари 1945 година.
При јуришот на градот-тврдина единиците на 8 гардиска армија на генерал Чујков го задушија непријателскиот отпор во 18 камени утврдувања кои можеа да бидат пробиени само „Сталиновите чекани“, т.е. мерзери со калибар 203 мм и 280 мм.
При заземањето на тврдина загинаа 4887 советски и полски војници и офицери. Германскиот гарнизон во Познањ е уништен, заробени се 17000 војници на чело со генерал-мајор Ернст Матерн. Убиени се околу 15000 германски војници. Командантот на гарнизонот, генерал-мајор Ернст Гонел, изврши самоубиство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче