Наполеон во 1812 година бил столчен. Во делото „Наполеоновиот политички и воен живот“, Антоан Анри Жомини пишува дека Наполеон повел над 300.000 војници во директен пробој на територијата на Русија (додека вкупната бројност на Големата армија во тоа време изнесувала 600.000).
За време на битката на реката Березина (26-29 ноември 1812 година) последните остатоци од Големата армија се обидувале да избегаат од Русија. И тоа биле само 20.000-30.000 преостанати војници. Околу 90% од припадниците на Наполеоновата армија биле убиени или ранети за време на руската кампања.
„На големиот пат. Повлекување, бегство...“, Василиј Вершчагин 1997-1895.
Музеј на Татковинската војна од 1812 година/Public DomainВо европскиот печат овој пораз главно не е толкуван како резултат на војничката храброст на бранителите на Русија, ами како последица на суровиот студ што ја снашол француската армија.
Весникот „Le Monitor universel“ бил главно оружје на Наполеоновата пропаганда. Во текот на воената кампања од 1812 година „Le Monitor“ објавувал билтени кои ги информирале Французите за воените случувања, а често нивен автор бил самиот Бонапарта. Императорот знаел дека војниците на неговата армија исто така ќе ги читаат овие билтени, па чувствувал потреба дополнително да ги мотивира за време на војната. Во билтените се нагласувале подвизите на Наполеоновите војници, а не се споменувале победите на руската армија, пишува руската научничка Анастасија Никифорова.
29 билтен на Големата армија (декември 1812 година).
Public domainБилтените редовно ги информирале своите читатели за временските прилики. На пример, на 26 октомври во 24 билтен пишува: „Времето е многу убаво. Вчера падна првиот снег. За 20 дена мораме да бидеме во нашите зимовници. Меѓутоа, завршниот 29 билтен непосредно пред падот на Големата армија се жали на временските прилики како најголем кошмар на оваа кампања.
„На 14, 15 и 16 ноември термометрите покажуваа 16 и 18 степени под нулата. Патиштата беа оковани со мраз. Коњите секоја ноќ умираа во коњиците, во артилеријата и во комората, и тоа не стотина, ами илјадници коњи, особено германски и француски. Нашата коњица остана без коњи, без артилерија и без комора, без транспортни средства. Бевме принудени да оставиме и да уништиме поголем дел од нашето оружје, муниција и провијантот. Армијата која на 6 ноември сè уште беспрекорно функционираше, веќе на 14 изгледаше сосема поинаку – речиси во целост ја изгуби својата коњица, артилеријата и својот транспорт“, пишува во билтенот.
„Ледениот Џек го напаѓа малиот Бони“, Вилијам Елмс, 1812 година.
Public domainСето тоа изгледало како мразот да им ги одзел на Французите коњицата и артилеријата и дека ги победил, а дека руската армија нема никаква врска со тоа! Зарем е можно француските војници никогаш претходно да немале видено зима? Секако дека имале.
Француската армија во 1795 година војувала против Холандија за време на мошне студена зима. Мразот стегнал и кога руската и француската армија се судрила во битката кај Пројсиш Ајлауа (7-8 февруари 1807 година), но Французите сепак маневрирале во бурата на замрзнатите езера и реки. Според тоа, зимата не била за нив никаква новост.
„Генерал Мраз го бричи малиот Бони“, Вилијам Елмс, 1812 година.
University of Washington/Public DomainСепак, Наполеоновата легенда за смртниот студ со задоволство е прифатена во францускиот, но и во британскиот печат и кај јавноста. Велика Британија и понатаму била еден од главните меѓународни соперници на Русија, па ним не им одело во прилог да ја фалат воената и стратешката умешност на руските генерали и офицери. Значи позгодно било да се каже дека француската армија е поразена поради студот, со цел Русите да не изгледаат моќно и опасно. Изразот „Генерал Мраз“ го смислиле творците на британската карикатура „Генерал Мраз го бричи малиот Бони“.
А што одговориле на ова Русите?
Денис Давидов, генерал и водечки командант на генералските одреди во 1812 година одлучно се спротивставил на тврдењето дека Наполеоновата армија пропадната исклучиво благодарение на студот. Во статија која е специјално посветена на оваа тема Давидов го цитира Жорж Шамбре, генерал на француската армија кој учествувал во воената кампања и кого Русите го заробиле кај Березина.
Портрет на Денис Дасилевич Давидов, Џорџ Доу, околу 18298 година.
Ермитаж/Public Domain„Студенилото, суво и умерено, што ги следело единиците од Москва до првиот снег, било повеќе корисно одошто смртоносно [за армијата]. На 27 октомври било 5 степени под нулата, на 9 ноември 15 степени под нулата, а на 12 и на 13 ноември 21 степен под нулата“, напишал Шамбре. Овие последни два дена фактички биле најстудени, а потоа дошло до затоплување кое практично спречило напад на определени француски единици на Березина зашто реката не замрзнала и илјадници луѓе го изгубиле својот живот во водата.
Битката кај Пројсиш Ајлауа 1807 година, Жан Антоан Симеон Форт
Версајски дворец/Public DomainГенерал Жомини отворено се спротивставува на идејата дека зимата била главната причина за Наполеоновиот пораз. „Главните причини за неуспешниот потфат во Русија беа прераниот и претеран студ. Сите мои соборци го повторуваа оваа до бесвест, но тоа воопшто не е точно. Како може да помислат дека јас не сум знаел во кое време се случува овој феномен во Русија секоја година..! Зимата воопшто не дојде порано од обично. Напротив, дојде на 7 ноември, а тоа е подоцна од обично“, напишал Жомини. „Овој студ не беше поголем од студот за време на кампањата во Пројсиш Ајла, но таму мојата армија не беше вознемирена зашто се наоѓаше во земја на изобилство и јас можев да ги задоволам сите нејзини потреби. Спротивното се случи во 1812 година: недостигот од намирници и од сето она што е неопходно предизвика дезориентација на единиците“.
Ние веќе знаеме дека Михаил Кутузов го намамил Наполеон во Москва и таму му подготвил замка, и знаеме дека оваа стратегија за уништување на Наполеоновата армија по пат на исцрпување всушност ја има смислено Барклај де Толи. Главните причини за Наполеоновиот пораз беа исклучиво од воена природа и немаа врска со воените прилики и со температурите.
„Наполеон на рид над Бородино“, 1897, Василиј Верешчагин.
Државен историски музеј/Public DomainГолемата армија навистина не била добро снабдувана и затоа била расеана и дезорганизирана. Во поразот една од најважните улоги ја одиграл герилскиот начин на војување. Руските селани се судриле со француските војници каде и да стасале и најчесто ги убивале.
„Селаните од соседното село ликвидираа дел од Тептјарскиот косачки полк на Руската императорска армија кој беше составен од 60 козаци“, пишува Давидов во своите мемоари. „Селаните помислија дека козаците се непријатели зашто немаа чист руски изговори“. Тептјарите биле башкирски народ и не знаеле добро руски, па селаните ги убивале и нив – толкава била нивната омраза кон завојувачите. Во такви услови, а згора на тоа и фактот дека во повлекувањето бегала од руската армија, француската армија била осудена на пропаст.
Валтер Скот во својата книга „Животот на Наполеон Бонапарта“ се прашува: „Ако мразот и снегот во Русија се толку непремостлива неволја, доволно моќна да уништува цели армии, како тогаш се случило ваквата околност да не ја зел превид прочуениот генерал [каков што бил Наполеон], кој го испланирал целиот овој грандиозен потфат? Зарем во Русија инаку никогаш нема снег? Зарем мразовите во ноември таму се ретка појава?“
„Наполеон предвидел дека во октомври ќе биде студено“, заклучува Скот. „Во јули тој ја предвидел потребата да се подготват резерви храна доволни за неговата армија. Но, тој бил обземен со нетрпение и поради тоа не презел мерки за надминување на проблемите со гладот и со студот кои ги предвидел“.
Прочитај исто така: Кои се причините за војната помеѓу Русија и Франција од 1812 година?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче