Американците шокирани од фотографии на советски војник пред и по војната

Дом дружбы народов Красноярского края
Корисниците на американскиот сајт Редит беа изненадени од фотографиите на советскиот уметник Евгениј Кобитов, направени пред и по Втората светска војна. Тоа го покажуваат коментарите под фотографиите.

Ова се нарекува „поглед од илјада јарди“ (нефокусиран поглед кај војниците кои претрпеле воена психичка траума – заб. на уред.)... Тие исто така велат дека не само војниците, туку и цивилите кои морале да работат на фарми, во мелници, за да ја снабдуваат војската, исто така добивале таков поглед“, пишува корисникот CarOk6553.

„Промената во очите е просто застрашувачка“, коментира BuckFuddy82.

„Овој човек го видел најлошото што постои на светот, бидејќи преживеал четири години на Источниот фронт“, пишува корисникот Meme-Man-Dan.

Во многу коментари луѓето се потсетуваат на советскиот филм „Дојди и види“, истакнувајќи дека сличен ефект е забележан и таму.

Евгениј Кобитов е роден на Алтај. По дипломирањето на Киевскиот ликовен институт во 1941 година, заминува на фронтот како доброволец. Подоцна доспева во концентрациониот логор „Хорољска јама“, од кој успева да побегне дури 1943 година. Повторно ѝ се приклучува на војската, ја продолжува службата и го дочекува крајот на војната во Дрезден.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња