До пладнето на 25 април 1945 година Црвената армија го затвори кругот околу Берлин и започна да се подготвува за решавачката офанзива на престолнината на нацистичка Германија. Претходно советските единици успеаја да ги ослободат од непријателот Полска, Романија, Бугарија, Унгарија, поголем дел од Југославија, источна Австрија и северна Норвешка. Звучи неверојатно, но сепак дел од територијата на СССР сè уште беше под контрола на Третиот рајх.
Околу 400 илјади војници од групата армии „Север“ беше отсечена во западна Латвија (Курландија), кога на 10 октомври 1944 година делови од советската 51 армија излегоа на брегот на Балтичкото море на подрачјето на градот Мемел (Клајпеди). Така настана Курландскиот џеб кој постоеше сè до дефинитивниот пораз на нацистичка Германија.
Германските единици кои беа блокирани во Прибалтикот, сепак, не беа во катастрофална ситуација. Тие под своја контрола ги задржаа големите пристаништа Лиепаја и Вентспилис, а советската Балтичка војска во тој момент не беше во состојба да го подрие Кригсмарине за ефикасно да ја снабдува изолираната група со храна, со муниција и со резерви.
Евакуација од Вентспилс. 19 октомври 1944 година.
German Federal Archives (CC-BY-SA 3.0)„Со наредба на командантот на групата армии Север (генерал-полковник Фердинанд Шернер) беше забранета употребата на терминот Курландски џеб“, велеше командирот на противтенковската чета Готлоб Бидерман. „Се зборуваше, иако според моите информации тоа не е потврдено, дека секој војник може да биде осуден на смртна казна доколку би се дознало за безизлезната ситуација во тој "котел“.
Откако во Сталинград беше ликвидирана шестата армија, овие зборови имаа злокобен скриен призвук на неизбежна катастрофа. Официјалниот назив за војската која беше фатена во стапица беше изразот Курландски плацдарм.
Првиот обид за уништување на армијата „Север“ беше преземен веќе во октомври, но безуспешно. „Ситуацијата беше неподнослива, цела Курландија беше мочуриште“, се жалеше офицерот за врска на артилерискиот полк на Осмиот естонски стрелачки корпус на Црвената армија Петер Кјуперсеп. „За техниката да може да мине по мочуришниот терен беа правени специјални насипи. Без нив техниката во ниту еден случај не можеше да мине. Штом ќе заглавеше минофрлачот, моравме самите да ги извлекуваме мините со калибар од 122 милиметри, а потоа да го ставаме оружјето на трупци, со цел тоа да може повторно да пука“.
Откако успеаја да го отфрлат нападот на советските единици, Германците почнаа молскавично да се вкопуваат во западна Латвија. На релативно малиот фронт од 220 километри направија длабокоешалонизирана одбрана со мински полиња и со противтенковски ровови. Целиот Курландски џеб беше ископан со рововски линии. Ние ќе заземеме една линија, но зад неа веднаш доаѓа друга. Се чинеше дека им нема крај, се сеќава командирот на минофрлачкиот вод на Осмиот естонски стрелачки корпус Михаил Салтиков.
Црвената армија во Латвија
Василиј Саврански /SputnikХитлер не планираше да му ја препушти Курландија на Сталин. Напротив, таа требаше да биде коска во грлото на советската команда и постојано да ги одвлекува силите на Црвената армија. Беше планирано во соодветен момент оттаму да биде зададен силен удар во страничниот дел на советските единици кои напредуваа кон запад.
Црвената армија, пак, не се задржуваше во Латвија. Издвојувајќи сили доволни за чување на „џебот“ таа продолжи со своето напредување кон срцето на Германија. Советските војници на шега ја нарекуваа блокираната група армии „Север“ (преименувана на 25 јануари 1945 година во група армии „Курландија“) „логор на вооружени заробеници“.
Сепак, сè до крајот на март 1945 година советската војска и со ограничени сили се обидуваше да го ликвидира „џебот“. Поднесувајќи големи загуби, таа успеваше да напредува само незначително. На определени советски дивизии им поаѓаше од рака во голема мера да се пробијат, но како по правило ќе беа опколени и принудени во борбата да се пробијат кон своите.
Како што Црвената армија се приближуваше кон престолнината и кон централните делови на Третиот рајх, како и со зголемувањето на активностите на воено-поморската флота во Балтичкото море, Курландија чувствуваше сè посериозни проблеми со снабдувањето. Комуникацијата со своите стануваше сè послаба, а комплетната евакуација на групацијата на Третиот рајх стануваше невозможна задача.
„Немаш доволно муниција. На нашите артилериски батерии им беше дозволено трошење ограничени количества муниција дневно. На минофрлачите им беше дозволено да пукаат само со кратки рафали. Цел шаржер можеше да биде испукан само во случај на одбивање на напад. Нашите нови пушки, неодамна произведени и испорачани на војската во последните месеци од војната понекогаш беа бескорисни кога немаше куршуми за нив“, велеше Будерман.
Дански војници во Курландија, февруари 1945 година.
Getty ImagesГрупата армии „Курландија“ на чело со својот последен командант, генералот Карло Хилпертом се предаде по капитулацијата на Германија. „Ние, всушност, од Германците дознавме дека војната е завршена“, велеше морнаричкиот пешадинец Павел Климов, сеќавајќи се на деветти мај. „Одевме по должината на брегот. Не сфативме зошто е толку тивко и зошто се радуваат во германските ровови. Излезе дека тие веќе дознале дека војната е завршена. По огнометот и куршумите испукани во воздух сфативме дека е навистина крај. Потоа преку радио добивме наредба да ја прекинеме операцијата. Радоста беше огромна“.
Во советско заробеништво се најдоа вкупно 42 генерали, 189 илјади војници и непријателски офицери. Неколку илјади успеаја да се евакуираат во Германија од Лиепаиј и Вентсплис пред Црвената армија да ги заземе или да избегаат на рачно изработените превозни средства во Шведска.
Имаше и такви кои не го предадоа оружјето. Одред од 300 војници на Шестиот корпус на СС, пробивајќи се на 22 мај во источна Прусија налета на единиците на Црвената армија и беше целосно уништен. Командирот на корпусот обергрупенфирерот Валтер Кригер се уби.
Командирот на корпусот обергрупенфирер Валтер Кригер (лево) и генералот Ерих Хапнер (десно)
German Federal Archives (CC-BY-SA 3.0)Многумина од латвиските колаборационисти од „џебот“, конкретно од 19 доброволна пешадиска дивизија на СС (втора латвиска) заминаа во шумите со цел да водат партизанска војна против советската власт. Некои од нив, таканаречените „шумски браќа“, дејствуваа на Прибалтикот сè до почетокот на педесеттите години од минатиот век.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче