Да се стане маршал во Советскиот Сојуз беше најголем сон и врв на кариерата за секој командант на Црвената армија. Токму војсководците како што се Жуков, Рокосовски, Василевски, Конев, Мерецков, Говоров, командувајќи на фронтовите и наоѓајќи се на чело на Генералштабот, се заслужни за поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Меѓутоа, меѓу цела низа „маршали на Победата“ се најде и еден „маршал на поразот“. Повеќе пати Грегориј Иванович Кулик имал можност да се покаже на бојното поле, но од некаква причина тоа не му одело од рака.
Артилеријата за Грегориј Кулик беше животен повик. Во текот на Првата светска војна од обичен војник напредува до чин на постар фејерверкер (постар подофицер во артилеријата), успешно командувал со артилериските единици за време на Граѓанската војна. За време на одбраната на Царицино (подоцна Сталинград) Кулик се запознал со Сталин и успеал да стекне голема почит кај идниот „татко на народот“. Веќе во повоениот период Грегориј Кулик се најде на чело на Главната артилериска команда на Црвената армија.
Британски тенкови во Царицино
Државен архив на Волгоградската област„Доколку зборуваме по право, авторитетот и нетрпението не беа единствените црти на карактерот на Кули. За разлика од некои свои подредени, тој не се плашеше од одговорност и понекогаш, поаѓајќи од сопственото сфаќање за интересите на работата и задачите за зголемување на одбранбената способност на земјата, носеше прилично ризични одлуки“, пишува за Кулик конструкторот за артилериско вооружување Василиј Грабин. Така, на врвот на масовните репресии во земјата, познати како „Големиот терор“, Грегориј Кулик на Сталин му испратил писмо во кое изразува загриженост поради чистката во командниот состав на Црвената армија која ја подрива борбената способност на Советскиот Сојуз. Сепак, оваа епизода немала никакви негативни последици за него.
Грегориј Иванович Кули (1890 — 1950)
mil.ruВраќањето на военото поприште кон крајот на триесеттите години од минатиот век за Кулик било сосема неуспешно. За време на битката против Јапонците на реката Халкин Гол во јули 1939 година тој, со оглед на тоа што бил одговорен за користењето на артилеријата, се обидел во најкритичниот момент од судирот без никаков повод да се вмеша во командата над целата војска, што било задача на Грегориј Жуков. На крајот, откако бил прекорен од Москва, Грегориј Кулик бил итно повлечен во престолнината.
Георгиј Жуков меѓу војниците во Монголија
Виктор Темин/SputnikПочетокот на војната против Финска за Кулик, како за остатокот од раководниот состав на советската војска, беше неуспешен. Сепак, токму артилеријата која ја подготвуваше Грегориј Кулик одигра клучна улога во пробивањето на линијата на Манерхајм во февруари 1940 година. На 21 март истата година тој „за примерно извршување на задачите на командата во советско-финската војна“ го доби звањето Херој на Советскиот Сојуз, а на 7 мај и чинот маршал.
Советско-финска војна
Александр Устинов/Архива на Нинељ Александровна УстиноваПо нападот на Германија врз Советскиот Сојуз маршалот Кулик бил испратен да даде помош на командата на западниот фронт, но практично веднаш по доаѓањето бил опколен. „Несфатливо е однесувањето на заменикот на народниот комесар за одбрана маршалот Кулик“, има запишано подоцна во својот извештај началникот на 3 одделение на 10 армија комесарот на полкот Лос: „На сите им нареди да се симнат ознаките за препознавање, да ги фрлат документите, а потоа да се преоблечат во селанска облека, та и самиот се преправи во селанец. Со себе немаше никакви документи, не знам дали воопшто ги имаше земено од Москва. Предлагаше да го оставиме оружјето, а мене лично да ги оставам ордените и документите, но освен аѓутантот, по чин мајор, чие презиме го заборавив, никој не ги остави документите и оружјето. Тој го објасни тоа, велејќи дека ако паднеме во рацете на непријателот, тој ќе мисли дека сме селани и ќе нè пушти“. Опколените единици дури две недели подоцна успеаја да се пробијат низ обрачот.
Западен фронт
Иван Шагин/МАММ/МДФСледниот маршалов неуспех беше 1 Сињавска операција во септември 1941 година, во текот на која не успеа со силите на зајакнатата 54 армија однадвор да ја пробие опсадата на Ленинград. Еден од главните примери на поразот беше уште еден конфликт на Кулик со Жуков, кој тогаш беше на должноста командант на Ленинградскиот фронт и раководител на пробивот од правец на градот под опсада. Тие двајца не успеаја да се договорат за заеднички координирани дејствија. „Со горчина го паметам тој човек“, има запишано во своите мемоари Александар Васиљевски. „На почетокот на војната неуспешно ги реализираше задачите на Штабот во западниот правец, потоа исто така слабо командуваше со една армија кај Ленинград. Поради негативните лични особини не уживаше почит во војската и не умееше организирано да раководи со дејствијата на единиците“.
Ленинградски фронт. Септември – октоври1941 година
mil.ruКулик беше слабо организирана личност со високо мислење за себе и постојано своите акции ги сметаше за неповредливи. Често беше тешко да се разбере што сака и кон што цели. За најдобар метод на работа го сметаше држењето на подредените во страв. Негова омилена изрека за време на давањето на задачи беше: 'Затвор или орден'“, се сеќава главниот маршал на артилеријата Николај Моронов.
Грегориј Кулик
Archive photoКапката што ја прелеа чашата на трпението на Сталин беа настаните од почетокот на ноември 1941 година на Крим. Кулик како ополномоштен на Штабот на врховната команда доби наредба со сите сили да го задржи градот Керч на истокот од полуостровот. Но, Грегориј Кулик, воочувајќи ја слабоста на неорганизираната војска, издаде наредба единиците да се евакуираат преку мореузот на Таманскиот полуостров, каде планираше да ја организира одбраната. Кон крајот на педесеттите години од минатиот век истрагата на специјалната комисија утврди дека во тие услови било невозможно да се задржи градот. Но, за време на војната врховната команда имала поинакво мислење и Грегориј Кулик беше обвинет за воен прекршок.
Грегориј Кулик
Александр Устинов/Архива на Нинељ Александровна УстиноваОсвен тоа што и „покрај наредбата на Сталин“ го предал Керч, маршалот беше обвинет и дека го изгубил Ростов на Дон, каде исто така Штабот го испрати како свој претставник. „Прекршокот на Кули се состои во тоа што никако не ги искористил можностите за заштита на Керч и на Ростов кои му биле на располагање, не ја организирал нивната одбрана и се однесувал како кукавица, преплашен од Германците, како губитник кој ја изгубил перспективата и верата во нашата победа над германските освојувачи“, стои во одлуката на народниот комесар за одбрана Јосиф Сталин. На 19 февруари 1942 година на Кулик му се одземени чинот маршал и звањето Херој на Советскиот Сојуз, како и сите одликувања.
Грегориј Кулик бил спуштен до чинот генерал-мајор и продолжил ограничено да учествува во воените операции, но не постигнал никакви видливи резултати. Во извесен период напредувал до чин генерал-лајтнант и вратен му е дел од одликувањата, но по незадоволителната работа во Главната управа за формирање и состав на Црвената армија повторно е спуштен до генерал-мајор.
Грегориј Кулик никогаш не сметал дека е одговорен за своите неуспеси. Фактички е протеран на должноста заменик командант на Приволшкиот воен округ по војната, тој во приватни разговори со колегите отворено ги критикувал „лакташите“ во редовите на највисокиот команден состав и не се срамел да го обвинува раководството на земјата. На почетокот од 1947 година Кулик заедно со генералите Василиј Гордов и Филип Рибаљченко од истиот округ е уапсен и три години подоцна е стрелан „под обвинение дека организирал заверничка група за борба против советската власт“. Дури во времето на Никита Хрушчов постхумно му е вратен чинот маршал, звањето Херој на Советскиот Сојуз и правото на државни одликувања.
Последната фотографија на Кулик
Public domainПрочитајте исто така: Најдобриот советски војсководец во Втората светска војна
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче