Lockheed SR-71 Blackbird (неслужбен назив „Кос“)
Global Look PressСпомени на овој случај неодамна евоцираше „Национален Интерес“. Американските шпионски авиони кон крајот на 1980-тите почнаа зачестено да се појавуваат во близина на советските граници, и покрај перестројката во Советскиот Сојуз и „топењето“ на односите меѓу двете суперсили (а можеби и не покрај тоа, туку благодарение на сето тоа). Нивната омилена рута беше „Балтичкиот експрес“, што им овозможуваше да ги фотографираат клучните воени бази, пред сé, базите на Северната флота во близина на Мурманск. Извидувачките авиони SR-71 Blackbird го снимаа теренот од голема висина од меѓународниот воздушен простор, така што советските ловци немаа законска основа да ги попречуваат во тоа. Додуша, и физички беше тешко да се попречи „Косот“, бидејќи овој легендарен авион имаше „футуристички“ карактеристики – границата на летот во висина беше 25 км, а максималната брзина 3500 км/час.
Меѓутоа, на 29 јуни 1987 година, Советите добија шанса „добро да наплатат“ за дрското снимање на нивните тајни бази. Екипажот SR-71 јави дека моторот откажал и авионот се спуштил на висина од 8 километри. Таму го пронајдоа ловци на Военото воздухопловство на Шведска и го придружуваа до данската граница, каде што ги пречекаа американски авиони кои полетаа од Западна Германија.
Улогата на Швеѓаните во инцидентот е многу важна, истакнува американскиот весник. Балтичкото Море е мало и го делат државите кои имаат излез на него. Полска и Источна Германија во тоа време беа сојузници на СССР, така што со влегувањето во нивниот воздушен простор авионот гарантирано ќе беше изгубен. Уште повеќе ќе беше изгубен ако ја пресечеше советската граница.
Целиот случај беше обелоденет дури во 2018 година, кога четворица пилоти на шведски повеќенаменски борбени авиони Saab 37 Viggen добија медали на Военото воздухопловство на САД и слика на која е прикажан инцидентот над Балтичкото Море. На церемонијата во Стокхолм дојде еден пилот на авионот SR-71 Том Велтри, додека другиот пилот Двејн Нол им се заблагодари на шведските пилоти преку видеоврска.
„Почувствувавме огромно олеснување кога ги видовме шведските ловци, а не пресретнувачи МиГ-31“, призна Велтри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче