Каде и како Русија ја стекнуваше независноста?

Демонстрации во знак на поддршка на Борис Елцин

Демонстрации во знак на поддршка на Борис Елцин

Georges DeKeerle/Sygma//Getty Images
Во својата историја Русија била покорена само еднаш.

Иако има претрпено тешки порази и загубено војни, Русија секогаш ја одржувала својата независност. Единствениот сериозен исклучок е инвазијата на Монголите.

Во 1922 година, зборот „Русија“ повторно исчезна од политичката карта на Европа. Овој пат, земјата стана јадрото на Советскиот Сојуз целосно доброволно.

Русија, како што денес светот ја знае, се појави на 12 јуни 1990 година. Секоја година овој датум го слават милиони Руси како „Ден на Русија“.

Монголскиот јарем

Баскаци (претставници на татарско-монголските власти)

Во средината на 13 век, Монголите поминале со оган и меч низ територијата на Русија, која во тоа време била феудално расцепкана. Една по друга, повеќето руски кнежевства беа освоени од потомците на Џингис Хан.

Повеќе од два века, Русија е политички и економски зависна од Монголите. Иако освојувачите не одржувале постојани гарнизони во руските градови, за секое непочитување на волјата на хановите или одбивање да плаќаат даноци веднаш следеле строги казни. Монголските владетели одлучувале кој од руските кнезови ќе владее, а кој не, кој ќе живее и кој мора да умре.

Во периодот на т.н. Татарско-монголски јарем најсилните руски кнежевства се бореле меѓусебно за доминантна позиција во Русија. Со изразување на нивната надворешна покорност кон странците, тие настојувале да го зголемат своето влијание и да ги прошират своите територии. Сосема било нормално за руските кнезови во тоа време да го победат својот ривал, повикувајќи ги монголските единици на помош.

Дмитриј Донској во битката кај Куликово

Кон крајот на 14 век Московското кнежевство, кое станало де факто центар на обединување на руските земји, станало толку силно што можело отворено да ги предизвика Монголите. Во 1380 година, кнезот Дмитриј Иванович од Москва ја победил војската на војсководецот Мамај во битката кај Куликово. Сепак, на Русите ќе им треба уште еден век за да го добијат своето целосно ослободување.

Во 1472 година, во битката кај Алексин Иван Трети ја победил војската на Хан Ахмат, по што Московското кнежевство одбило да му плаќа данок во иднина. Осум години подоцна, Ахмат се обидува да го врати своето влијание. Двете армии се редат на бреговите на реката Угра, но ханот никогаш не се одлучува да ја форсира реката и ги повлекол своите војници. Таканареченото „ стоење на реката Угра“ конечно и даде на руската држава политичка независност од Монголите.

Распадот на СССР

Зборот „Русија“ исчезна од политичката карта на светот во 1922 година со создавањето на СССР. Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР) беше најголемата и економски најразвиената советска република.

Кризата во Таџикистан

Во раните деведесетти години од минатиот век Советскиот Сојуз веќе не беше истата земја како пред 10 години. Кардиналните и не секогаш добро осмислени реформи иницирани од генералниот секретар на Централниот комитет на ССП, Михаил Горбачов во средината на осумдесеттите години од минатиот век (т.н. „перестројка“) доведоа не само до демократизација на советското општество, појава на парламентаризам и слобода на говор, но исто така и до крајно длабока криза во економската и во политичката сфера.

Една од најсериозните последици на „перестројката“ беше брзиот раст на сепаратистичкото расположение во републиките на Советскиот Сојуз. Бидејќи ослабената централна власт веќе не беше во можност да се спротивставува на републичките аспирации за независност, една по една сојузните републики започнаа да донесуваат декларации за нивен суверенитет. Според уставот од 1977 година, тие претходно беа формално „суверени“, но сега станува збор за целосно реално прогласување на надмоќта на локалните закони над сите сојузни.

Најважната република, РСФСР, исто така е вклучена во овој процес, позната како „Парада на суверенитетот“. Локалната политичка елита немаше задача да предизвика распад на СССР, но беше убедена дека централната влада најдобро може да се справи со реформата на својот регион и распределбата на своите национални ресурси.

Горбачов и Елцин по пучот

РСФСР беше шеста република (по Естонија, Литванија, Латвија, Азербејџан и Грузија) која го прогласи својот државен суверенитет. Декларацијата донесена на 12 јуни 1990 година од Конгресот на народни пратеници на РСФСР прокламираше создавање на „демократска правна држава како дел од обновениот Сојуз на ССР“.

Суверена Русија мораше да стане еден од столбовите на реформираниот Советски Сојуз, но тоа никогаш не се случува. Централната влада, предводена од Михаил Горбачов и раководството на РСФСР, на чело со Борис Елцин, веднаш влегоа во жестока политичка конфронтација едни со други. Покрај тоа, по РСФСР, суверенитетот беше прогласен од сите други сојузни републики и тие почнаа брзо да ги губат сите економски врски со Москва.

На 26 декември 1991 година Советскиот Сојуз официјално престана да постои. Руската Федерација (како што се нарекуваше РСФСР) беше признаена од меѓународната заедница како држава-наследничка на СССР.

Прочитајте исто така: Последните денови на Советскиот Сојуз (ФОТОГРАФИИ)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња