Григориј Распутин, личност од блиското опкружување на царското семејство Романови беше човек со контроверзна репутација. По убиството во 1916 година неговиот лик и историската улога беа „демонизирани“. Во Русија во 1933 година немаше ниту еден директен потомок на „царскиот монах“. Сите доживеаја тешка судбина, а само една личност дочека длабока старост.
Григориј Распутин
Fine Art Images/Heritage Images/Getty ImagesОд седумте деца на Григориј Распутин и Прасковја само тројца, Матрјона, Варвара и Дмитриј успеаја да преживеат и да пораснат. Живееја со мајка си во селото Покровское, 1.150 километри од Москва сè до 1913 година.
Распутин со децата
ullstein bild/Getty ImagesСо оглед на тоа што во тој момент ја зацврсти својата позиција на дворот, Распутин одлучи дефинитивно да се пресели во Санкт Петербург и со себе да ги поведе ќерките со намера да станат светски дами и така да им обезбеди иднина.
Распутин со сопругата и со ќерката Матрјона
Јавна сопственостТој ги запиша Матрјона и Варвара на подготвителна настава во приватната школа во која работеа најдобрите наставници и полека почна во своето најблиско опкружување да го вовлекува царското семејство.
Распутини. Во средината е вдовицата Прасковја, лево синот Дмитриј, десно неговата сопруга Феоктиста, одзади куќната помошничка Екатерина Печеркина.
Јавна сопственостДевојките мошне брзо се спријателиле со Романови. Матрјона веднаш го променила своето „селско“ име во милозвучното Марија. Меѓутоа антираспутинското расположение се зајакнуваше веќе една година по доаѓањето на семејството во Петербург, а сè од корен се промени по убиството на Распутин во Јусуповскиот дворец. Неговото семејство го напушти градот, а од земјата избега единствено Матрјона.
Марија (Матрјона) Распутина
Hulton Archive/Getty ImagesНепосредно пред тоа таа се омажи за офицерот Борис Соловјов, предан следбеник на Распутин и на царското семејство. Матрјона доби нови документи за себе и за својот сопруг и тргна во Европа преку Владивосток, со оглед на тоа што на запад се наоѓаше фронтот. Возовите по неколку месеци стоеја запрени на Транссибирската железница. Владивосток го напуштија на брод со кој беше евакуиран дел од чехословачкиот корпус. Во Европа стасаа преку Сингапур, Јапонија и Суецкиот канал. Овој пат траеше две години, а Марија на патот го роди синот-првенец. На крајот се стационираа во Берлин, а по четири години се преселиja во Париз. Бегството ѝ го спаси животот на Марија, за разлика од нејзиниот брат и од нејзината сестра кои ја немаа таа среќа.
Марија (Матрјона) Распутина
Hulton Archive/Getty ImagesВарвара по убиството на татка си се врати во родното село кај својот брат. Во 1922 година ним им беше одземено гласачкото право како „злонамерни елементи“. Во триесеттите години од минатиот век Дмитриј заедно со семејството и со мајка си е уапсен и прогонет на север каде се разболеа од дизентерија. Варвара едноставно исчезна, и според едно толкување умрела од тифус во болница кон средината на дваесеттите години од минатиот век.
Единствената преживеана ќерка на Распутин тешко живееше во Париз. Борис Соловјов отвори еден мал ресторан, но работата одеше лошо, со оглед дека наминуваа само сиромашните сонародници на емигрантите за да каснат нешто на „вересија“. Во 1924 година Борис се разболе од туберкулоза и набргу почина. Матрјона остана со двете малолетни деца.
Откако остана без пари, најпрво работеше како гувернанта во богати семејства, а потоа се вработи како танчарка во театар (ѝ помогнаа часовите по балет кои ги земаше во Санкт Петербург). Животот од корен ѝ се промени кога на почетокот од триесеттите години од минатиот век ја забележа директорот на американскиот циркус „Барнун“ кому вниманието му го сврте славното презиме на „царскиот старец“. Условот да ја примат во циркус беше да влезе во кафез со лав. „Баба, секако, се согласи“, раскажуваше нејзината внука Лоранс. „По бегството од Револуцијата, од Првата светска војна и од Граѓанската војна кафезот со лавовите не можеше да ја исплаши“.
Играта на картата на „славното“ презиме успеа. Публиката трчаше да ја види „Мари Распутина, ќерката на лудиот монах, кој се прослави по подвизите во Русија) (вака пишуваше на плакатот), а која наводно ги смирува дивите животни само со својот „распутински“ поглед. Матрјона со циркусот ги мина цела Европа и Америка.
Марија (Матрјона) Распутина
Јавна сопственостСè заврши во Мајами, кога ја нападна бела мечка. По долготрајно закрепнување во болница, таа ја заврши кариерата на скротувачка на диви ѕверови. Нoвинарите подоцна ќе ја откријат „мистериозната сензација“ која се криеше во фактот дека кожата на мечката на која во 1916 година паднал убиениот Распутин исто така била бела.
Матрјона потоа работеше во американско бродоградилиште, а по Втората светска војна во претпријатија од одбранбената индустрија сè дури не се пензионираше. Американско државјанство доби во 1945 година.
Марија Распутина по нападот од мечката
Јавна сопственостПочина во 1977 година, точно шест месеци пред својот осумдесетти роденден.
Нејзините потомци живеат на Запад, а една од правнуките на Распутин, Лоранс Ио Соловјова често доаѓа во Русија.
Лоранс живее во едно предградие на Париз, во вила со наследен, стар мебел. Во спалната соба има и фотографии на нејзиниот прадедо.
Во нејзиното семејство долго било забранувано да се зборува за Распутин. „Се сеќавам како татко ми, трескајќи со раката по маса, велеше дека не сака да го слушне името на Распутин во куќата, ниту да се споменуваат руските корени на семејството. И за нив не се зборуваше“, изјави таа за весникот „Комерсант“. Забраната била воведена поради лошата репутација на Распутин која можела негативно да влијае на животот на семејството. „Тука (во Франција) Распутин понекогаш се употребува во својство на заедничка именка, за да ги означи оние политичари кои многу сакаат да делат совети“.
Сродството со Распутин таа им го открила на пријателите на својот шеесетти роденден. „Тие не само што не паднаа од столчињата од шок“, рече низ смеа Лоранс. Оттогаш таа отворено зборува дека нејзината мисија е да шири вистински информации за својот прадедо чија биографија е премногу митологизирана.
Таа е во контакт со новинарите, учествува на научни конференции, но сепак признава дека луѓето се плашат од неа. „Имам пријатели кои велат: Знаеш Лоранс ти баш ни се допаѓаш, но не можеме да те запознаеме со семејството. Едноставно е така, зашто сум потомок на Распутин“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче