Ретка глетка: Јуриј Гагарин во приватниот живот (ФОТОГРАФИИ)

Јуриј Абрамочкин/russiainphoto.ru; TASS
Снимките од првиот човек во вселената со космонаутски скафандер на главата го обиколија целиот свет. Многу помалку е познато како изгледаше легендарниот космонаут во секојдневниот живот.

По 12 април 1961 година Јуриј Гагарин стана вистински херој и суперѕвезда. Целиот Советски сојуз беше горд на него и сите сакаа да го видат во живо, макар и од далеку.

Гагарин е роден во сиромашно селско семејство. Не беше особено висок, се одликуваше со исклучителна скромност и можеше да шармира секого со својата позната насмевка. Неговите современици велат дека  бил многу лежерен. Не беше подготвен за толку големата слава што одненадеж ја стекна. Остана срамежлив и тивок, секогаш пристоен и чесен, каков што и требаше да биде секој советски граѓанин и советски офицер.

Гагарин 1965.

Подготовка за скок со падобран, 1960.

Гагарин во својот автомобил, 1961.

Утринска гимнастика, 1961.

Тренинг, 1963.

На одмор во Сочи, 1961.

Билјард, 1961.

На риболов во родното село, 1961.

Активен одмор. Скијање на вода, 1965.

Гагарин во својот кабинет, 1967.

Гагарин многу ги сакаше својата сопруга Валентина (почина во март 2020 година) и ќерките Елена (која сега е директор на Музеите на Московскиот кремљ) и Галина (која стана професор по економија).

Гагарин со сопругата Валентина и новородената Галина, 1961.

Фотографијата како хоби, 1963.

Со ќерките, 1965.

Гагарин на одмор со ќерката Галина, 1966.

Семејни радости, 1967-1968.

Пријателите и колегите се сеќаваат дека Гагарин беше со весел дух и често се смееше. Инженерот Евгениј Шиљников, кој работеше со него, раскажа како Гагарин во друштво со задоволство го раскажувал својот омилен виц.

„Си лета врапчето, си лета и одеднаш гледа како кон него лета со голема брзина ракета. Тој ја прашува: „Зошто леташ толку брзо?“, а ракетата одговара: „И ти ќе леташе уште побрзо ако некој ти го запалеше задникот!“

Одмор на Крим, 1961.

Космонаутите Јуриј Гагарин, Валентина Терешкова и Алексеј Леонов, 1965.

На снимањето на новогодишната програма, 1963.

Јуриј Гагарин и фотографот Јуриј Абрамочкин, 1961.

Гагарин игра хокеј, 1963.

Со пријатели на пикник, 1963.

Гагарин во костим, 1965.

Космонаутите Јуриј Гагарин (лево) и Алексеј Леонов во костими на прославата на Денот на Нептун, 1965.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња