Фирерот на германскиот народ Адолф Хитлер имал прилично затегнати односи со својот роден брат Алојз Хитлер помладиот. Меѓутоа кон неговиот син Хенрик (Хајнц) имал срдечен и внимателен однос.
Сонот на преданиот национал-социјалист Хајнц Хитлер бил да личи на својот стрико. Со негова помош тој со големо воодушевување во градот Бленштет се запишал на елитната школа за подготовка на раководни кадри за нацистичката партија и за нејзината главна правна формација СС, вклучувајќи се така во системот на национални политички образовни установи познат како НАПОЛАС. Тука запира помошта на фирерот зашто Хитлер сакал неговиот внук самиот да се потруди, а не да ја користи роднинската врска на највисоко ниво.
Дваесетгодишниот Хајнц, подофицер за врска на 23 постдамски артилериски полк учествувал во нападот на Советскиот Сојуз, па дури е и награден со Железен крст од втора класа.
Меѓутоа, борбениот пат на помладиот Хитлер не траел долго. На десетти јануари 1942 година во текот на големата контраофанзива на Црвената армија кај Москва тој е заробен во реонот на Вјазма.
Понатамошната судбина на младиот нацист е речиси непозната. Идентификуван како роднина на клучниот непријател на СССР, Хајнц Хитлер бил одведен во затворот Бутирка во Москва каде се самоубил на 21 февруари. Во Германија за него ништо не се знаело и се водел како исчезнат.
Многу повеќе среќа имал внукот на фирерот Лео Рудолф Раубал, син на неговата родена сестра Ангела Раубал.
За разлика од Хајнц, Лео, иако член на нацистичката група од 1932 година, се држел на пристојно растојание од политиката. Сепак, Адолф го сметал за најомилен меѓу внуците и често минувал време со него.
Непосредно по избивањето на Втората светска војна триесетгодишниот Лео кој работел како управник на челичарница во австрискиот град Линц, добил повик за војска Така се нашол во редовите на Луфтвафе, како лајтнант, во инженерските единици.
Кон крајот на 1942 година Раубал се нашол во Сталинград заедно со отсечената од главните сили Шеста армија. Неговиот командант Филип Паулус му предлагал на Хитлер да го испрати ранетиот Лео дома по воздушен пат. Меѓутоа, фирерот го одбил тоа, велејќи дека секој офицер има обврска да остане со своите војници.
Советската војска го заробила Лео Рабул на 2 јануари 1943 година. На почетокот никому не му дошло на ум дека има некаква врска со фирерот. Лео самиот се открил, а другите заробени офицери потврдиле.
Лајтнантот Раубал бил одведен во Москва каде бил сослушан. Тој има напишано детални информации за роднините на својот вујко, неговите навики, дневниот распоред, кругот на интереси, дал карактеристики на најблиското окружување на фирерот, одредувајќи го степенот на поединечното влијание на Хитлер. Овие податоци биле од голема корист по војната кога некои од нив се нашле во советско заробеништво.
Хитлер преку посредници ѝ понудил на советската страна својот омилен внук да го замени за командантот на артилериската батерија Јаков Џугашвили, синот на Сталин, кого Германците го заробиле во јули 1941 година. Водачот на СССР категорично ја одбил понудата.
Синот на Сталин Јаков Џугашвили
Global Look PressБез оглед на тоа што немало докази за негова вина, Лео Раубал во 1949 година бил осуден како воен злосторник. Судот го осудил на 25 години казна логор зашто како негов внук ја поддржувал злосторничката агресивна политика на Хитлер и освен тоа бил замешан во злосторствата на Шестата армија на советска територија.
Прочитајте исто така: Зошто Сталин дозволил син му да загине во германски логор?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче