Опсадата на Ленинград (денес Санкт Петербург) траела 872 дена, од 8 септември 1941 година до 27 јануари 1944 година. Германските единици интензивно го бомбардирале градот и затоа жителите морале брзо да го камуфлираат, зашто непријателската авијација сите воочливи точки на теренот ги користела како ориентир, а требало да се направи сè и поради спасувањето историски споменици и поради објектите од витално значење.
Камуфлажа на кулата на зградата на Адмиралитетот.
Archive photo; Alex 'Florstein' Fedorov (CC BY-SA 4.0)На зградата на Адмиралитетот и на храмовите имало златни шпицови и крстови кои фрлале одблесок и на најтмурното време и затоа морале да бидат камуфлирани. Николај Баранов, кој тогаш бил главен архитект во Ленинград, во својата книга „Силуетите на блокадата“ го напишал следново: „Некои вжештени глави предложија да се демонтираат кулите, куполите и шпицовите“. Оваа идеја била веднаш отфрлена.
Алпинистката Ољга Фирсова ја покрива кулата на зградата на Адмиралитетот.
Archive photoПозлатата често била правена според старата технологија, така што мошне тенко слоеви злато се лепеле со специјален лепак. Тие биле покриени со камуфлажна ткаенина. Работата започнала од зградата на Адмиралитетот. Покривката била сошиена во текот на ноќта и тежела половина тон. Пилот на воздушен балон го прицврстил јажето на врвот од шпицот, а потоа шестмина алпинисти ја покриле со ткаенината површината на шпицот. Една од нив, Ољга Фрисова (која всушност била професионален музичар) подоцна напиша: „Камуфлажната ткаенина на шпицот личеше на женско здолниште со ѕвонест крој, но со еден шев. Моравме така да ја зашиеме и да ги врземе аглите за да не ја растргне ветрот. Истото го направивме и со Никољскиот и со Морнаричкиот храм.
Поглед на Исакиевскиот храм од Сенатскиот плоштад.
Руслан Шамуков/TASSИсакиевскиот и Петропавловскиот храм биле позлатени подоцна, така што била користена техниката на електроплатирање. Хемичарите сфатиле дека таа површина може едноставно да се пребои и дека тоа би била соодветна камуфлажа, а бојата подоцна би можела да се тргне без оштетување. Меѓутоа, постоела и една тешкотија: Баранов обрнал внимание дека шпицот на Соборот на свети Петар и Павле е разнишан и дека се ниша во распон од еден и пол метар. Првиот алпинист, потпоручникот Михаил Бобров, требало да се искачи (морал да го закачи јажето) и тоа по старите скалила за кои никој не знаел дали ќе ја издржат неговата тежина. Алпинистите сепак успеале да ја извршат оваа важна задача, така што златото повеќе не го привлекувало вниманието на непријателот.
Камуфлажа на Институтот „Смољни“
Архив на Меморијалниот музеј на одбраната и на блокадата на Ленинград.Многу градски објекти биле покриени со специјални маскирни мрежи и со парчиња ткаенина во разни бои. Во правењето на овие мрежи учествувале дизајнери од театрите. Користеле специјални бои, така што непријателските пилоти наместо стратешки објекти гледале паркови и полиња. Уметниците во определено време од годината морале да внесуваат сезонски измени. Во текот на есента додавале повеќе жолти и црвени нијанси, а назима ги прилагодувале според количествата и структурата на снегот.
Камуфлажа на Институтот „Смољни“
Архив на Меморијалниот музеј на одбраната и на блокадата на Ленинград.Освен тоа што се боеле, мрежите биле украсувани и со природни декорации. Балерината на Кировскиот театар (денес Мариински театар) Ољга Јордан, подоцна напишала: „Во салата за декорации во Писаревската улица ја лупевме ликата од стеблата, ја врзувавме во снопови и ја пришивавме за мрежата. Знаевме дека тоа е неопходно за одбраната на градот“. За мрежите често се врзувале билни и отсечени гранки.
Камуфлажа на Институтот „Смољни“
Архив на Меморијалниот музеј на одбраната и на блокадата на Ленинград.Како пример за камуфлажа може да послужи и зданието на Смољниот институт каде била сместена градската управа. Тој од птичја перспектива визуелно изгледал како зеленилото што го опкружувало. Архитектот Александар Гегело подоцна напишал: „Растегната е маскирна мрежа со додатоци кои имитираат крошни на дрвја. Мрежини на покривот се прицврстени по агол, така што ги кријат контурите на објектот кој потсетува на буквата П“. Скриена била и препознатливата кривина на реката Нева. Текот на реката е прикажан како продолжение на Советската авенија (од 1944 година Суворовска авенија).
„Бронзениот коњаник“ во блокадно руво
Archive photoМихаил Бобров во своите мемоари има напишано: „Огромни футроли од вреќи за песок ги прекрија спомениците“. Вреќите со песок биле споени со штици. Така биле скриени најкрупните споменици како што „Бронзениот коњаник“ (Петар Велики на коњ) и споменикот на Ленин пред Финската станица.
Споменикот на Петар Велики „Бронзениот коњаник“ за време на блокадата.
Некои помали скулптури биле тргнати од своите места и префрлени на сигурно. На пример, групата скулптури „Скротувач на коњи“ на Аничковиот мост на авторот Пјотр Клот е сместена недалеку оттаму во градината на Пионерскиот дворец. Овие скулптури по војната се пронајдени на мали возвишенија од кои ѕиркале. Скулптурите од единствената колекција во Летната градина биле закопани близу своите постаменти.
Тргањето на Клодотовите коњи од Аничковиот мост.
Archive photo; Legion mediaСепак, определени споменици не биле скриени. Михаил Бобров пишува: „Останаа откриени само спомениците на големите руски војсководци: Суворов, Кутузов и Баркалј де Толи. Тие им влевале борбен дух на бранителите на градот“.
Камуфлирана била и инфраструктурата, а исто така и индустриските објекти во Ленинград. Николај Баранов истакнал дека хиподромот, на пример, бил идеален нишански ориентир зашто неговата огромна елипса добро се гледала од воздух. Всушност паднала бомба на него пред тој да биде камуфлиран. Работниците ги тргнале трибините и го пополниле отворениот простор со макети на згради. Овие макети имале должина и ширина на вистински згради, но биле неколкупати пониски. Архитектот подоцна има напишано: „Ова просторно решение имаше карактеристични ефекти на светлина и сенки кои имитираа дворови и улици“. Вакви макети биле поставени и на покривите на големите фабрички хали.
Мостовите биле камуфлирани како да се урнатини. Така биле маскирани и Московската и Витебската железничка станица. Направени се и макети на овие станици кои биле поставени на определено растојание од нив. Вештачкиот нафтен терминал кој го добил називот „Ручи“ („Потоци“) бил опремен со неколку цистерни за гориво. Овие макети биле интензивно бомбардирани, но по секој напад биле поправани.
Камуфлажа на Кировската фабрика и на пристаништето.
Archive photoКулата на главната станица на водоводот имала стратешко значење и затоа била покриена со хоризонтални натстрешници. Сенката од нив повеќе не потсетувала на водоводна кула, така што непријателската авијација не можела да ја открие. Тоа не можело да се направи со електраната во близина на реката Фонтанка, па нејзините високи оџаци морале да бидат демонтирани за да се скрие фабриката.
Непријателските бомби во голема мера го имаат оштетено Ленинград во тешкиот период на опсадата, но добрата камуфлажа придонела за да се избегнат катастрофални разорувања.
Прочитајте исто така: Како Црвената армија го одбрани Ленинград во Втората светска војна
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче