Десет архивски фотографии од вакцинација во Русија и СССР

Виктор Ершов/Музеј „Мултимедија Арт“ (МАММ)/Московски дом на фотографијата
Целиот свет сега е опседнат со вакцинацијата против коронавирус. Во Русија вакцинирањето отсекогаш било рутинско нешто. Децата добивале по неколку вакцини. Дури и животните масовно биле вакцинирани. И сето тоа почна уште во царска Русија. Да погледнеме некои архивски фотографии.

Првата вакцина во Русија е воведена за време на Екатерина Велика. Таа во 1768 година била вакцинирана од големи сипаници и така дала пример за целата нација. Советските власти во 1919 година ја воведоа првата задолжителна програма за масовна вакцинација против големи сипаници и други епидемии.

Првиот список за задолжителни и препорачани вакцини е составен 1958 година. На тој список беа вакцините против големи сипаници, туберкулоза, голема кашлица, дифтерија и полиомиелитиса (детска парализа). Подоцна децата се вакцинирани против хепатитис, мали сипаници и рубеола. Во современа Русија веќе со години се врши бесплатна вакцинација од грип.

1. Сираче од Императорското прифатилиште за сирачиња прима „Салварсан“ (познат и како „Арсфенамин“), односно „соединение 606“ против сифилис, 1910.

2. Дете со вроден сифилис прима вакцина, 1910.

3. Вакцинација на војници против колера во Првата светска војна, 1914.

4. Медицинска сестра во Институтот за вакцини и серуми во Ташкент, Узбекистанска ССР, во текот на 1920-тите.

5. Тестирање на вакцина против грип во текот на 1950-те.

6. Друг метод на вакцинација против грип во текот на 1950-тите.

7. Подготовка за вакцинација, 1979.

8. Луѓе вакцинирани против грип во Новокузнецката металуршка фабрика, 1980.

9. Крава што примила вакцина против антракс, 1981.

10. Вакцинација во селска болница, 1988.

Прочитајте повеќе: Како во СССР се запирале епидемиите од смртоносни болести?

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња