Американскиот брод „Томас Доналдсон“, кој се наоѓал во состав на конвојот JW-65 и врз основа на програмата ленд-лиз во Советскиот Сојуз превезувал оружје и воена техника, вклучувајќи и тенкови „Шерман“, на 24 март 1945 година на влезот во Колскиот залив го потопила германската подморница U-995.
Тенковите кои се наоѓале на бродот се уникатни примероци на средниот тенк М4А2с со 76-милимитарски топ - М1М4А2(76) W што ги прави според борбените карактеристики слични на легендарните тенкови Т-34-85.
Првите тенкови од овој тип почнале да пристигаат во СССР во септември 1944 година и веднаш биле праќани на фронтот, пишува официјалниот портал на Министерството за одбрана на РФ.
Според податоците од САД, врз основа на програмата ленд-лиз (закон за заем и наем) во Советскиот Сојуз биле испорачани 1990 тенкови „Шерман“ со топ со калибар 75 мм и 2073 со топ со калибар 76 мм. Во мај 1945 година Црвената Армија добила и еден број тенкови со хоризонтална суспензија кои учествувале во уништувањето на Квантуншката армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче