Производство на тенковите M4A4 Sherman во фабрика во Детроит
Wikimedia Commons/U.S. Army TARDEC photoЕден од првите тенкови кои стасале во времето на соработката на Советскиот Сојуз и на Велика Британија беше тенкот Матилда Мк II. Претходно кратко се употребувал во војната во Франција и мошне успешно во британскиот поход против Италијанците во операцијата „Компас“. Меѓутоа својата најмасовна примена ја имал токму во редовите на Црвената армија. До крајот на 1941 година стасале 187 вакви тенкови во Советскиот Сојуз. Првите тенкови стасале преку пристаништето Архангељск во октомври 1941 година. Велика Британија има испратено вкупно 1.084 тенкови од овој тип од кои 918 стасале, додека останатите завршиле на дното на морето.
Matilda CS
Mike1979 Russia/Wikimedia CommonsТенковите стасувале во центарот во Горки каде биле тестирани, а екипажите биле обучувани. Во борбениот состав првите тенкови стапиле во ноември 1941 година. Веднаш се покажале бројните проблеми. Биле опремени со летни гасеници, така што лошо се покажале во зимски услови. Системот за ладење често престанувал да работи на големи студенила. Често екипажите морале да излегуваат и да ги чистат гасениците со лопати за тенкот повторно да може да тргне. Поради овие недостатоци тенкот почнал да се користи речиси исклучиво во јужните делови на СССР каде климата била потопла. Според сеќавањата на херојот на СССР Александар Михајлович Овчаров „тенкот се превртувал на поголема косина“, нестабилноста била уште една мана.
Матилда Мк II и црвеноармејци
Wikimedia CommonsСепак, Матилда имала и свои предности, тоа пред сè бил оклопот на ново на советските тенкови КВ, со тоа што британскиот оклоп бил со нешто повисок квалитет. При директни погодоци, внатрешните делови на оклопот не можеле да го повредат екипажот.
Последната верзија на овој тенк во Црвената армија била Матилда ЦС со топ од 76 милиметри. Матилда се покажала како добар тенк за поддршка на пешадијата. Пролетта 1943 година концептот на тенкот веќе бил значајно застарен и производството запрело, Советскиот Сојуз исто така се откажал од нарачките на овие тенкови. Преостанатите тенкови учествувале во борбите до крајот на војната.
Овој лесен британски тенк Црвената армија го користела до крајот на војната. Во категоријата на лесните тенкови бил поквалитетен од поголемиот дел советски тенкови од лесен тип. Од сите произведени тенкови (3.782), 46% завршиле во Советскиот Сојуз. До ССС дошле 3.332 додека 450 машини ги потопиле Германците. СССР добил седум модификации од овој тенк. Основна мана на овој тенк била слабото вооружување од 40 милиметри и маната при експлоатација во екстремни климатски услови.
Valentine II
Saiga20K/Wikimedia CommonsОд 1942 година пораснале барањата за овој тенк, Најголем дел од тенковите Валентин се користеле на Кавкаскиот фронт, што може да се објасни со безидејната линија на испорака на вооружувањето преку Иран (преку железница). Тенковите се користеле во напад на ешалоните зад тешките и средните тенкови. Омилени биле во коњичките корпуси во кои служеле заедно со тенот Т-34 до крајот на војната. Учествувале во сите поголеми операции, во Курската битка, во операцијата „Багратион“ на Крим итн. Последна операција во која учествувале во составот на Црвената армија била против Јапонија во Манџурија.
Од тешките сојузнички тенкови единствено „Черчил“ е испорачан во СССР во повеќе варијанти. Тенкот се употребувал најмногу на Ленинградскиот фронт, но неговото учество е забележано и во Сталинград, како и во операциите за Виборг и за Талин. Тенкот имал бројни недостатоци за Источниот фронт: експлоатацијата во зимски услови, недоволно моќен топ од 57 милиметри.
Mk.IV (Churchill-crocodile)
Галин Владимир Петрович/Wikimedia CommonsСепак постоела една добра страна која советските тенкисти ја сакале, а тоа е неговиот мошне моќен оклоп. Во текот на 1942 и на 1943 година во СССР се испорачани 344 вакви тенкови, од кои до целта стасале само 253.
Еден од најомилените западни тенкови во Црвената армија бил Шерман. Се сметало дека е среќа да се управува со ваков тенк. Шерман пред сè бил поудобен од робусните советски тенкови, со добра радиоапаратура. Топот од 75 милиметри бил послаб од советските топови на средни тенкови. Некои дури и се дрзнале да дадат предност на Шерман во однос на легендарниот Т-34, меѓутоа неговата борбена експлоатација на Источниот фронт тоа не го дозволува. Шерман за Источниот фронт имал премногу тесни гасеници поради што имал проблем со проодноста, а исто така и неговиот облик и тежишните точки не биле избалансирани што често доведувало до превртување на нерамен терен. Некои единици на Црвената армија во целост биле опремени со Шерман.
M4A2 Sherman ‘510’
Wikimedia CommonsТенковите Шерман се обединувале во крупни единици зашто нивниот број бил голем. Биле создавани цели корпуси вооружени речиси исклучиво со овој тип тенкови (1 гардиски механизиран, 8 гардиски тенковски корпус...), цели 3.665 Шермани служеле во Црвената армија. Учествувале во речиси сите крупни операции од Курската битка до Берлин. Последната употреба на Шерман била на Далечниот Исток против Јапонија. Тројца советски аса на Шерман успеале да уништат над 40 непријателски тенкови. Шерман се покажал како најдобар западен тенк во служба на Црвената армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче