Петнаесет фасцинантни фотографии кои можеа да бидат снимени само во Советскиот Сојуз

Медиа-холдинг «Каскад»
Да знаеја во Советскиот Сојуз за интернет мемиња, овие фотографии сигурно ќе станеа тоа.

1. Деца спијат надвор

Верувале или не, советските деца навистина спиеја надвор, дури и зиме. Во советските градинки тоа беше вообичаено, превентива против болести на респираторниот тракт и корисна навика.

2. Првиот маж и жена во вселената

Космонаутот Јуриј Гагарин е воопшто првиот човек кој ја напуштил Земјата, а Валентина Терешкова прва меѓу жените. Само едно прашање. Зошто Гагарин ја држи Терешкова за уво?

3. Ленин на Јужниот пол

Да носите тешка биста на својот мртов водач на крајот на светот, на едно од најнепристапните места, каде што тешко дека некој некогаш ќе ја види? Средено.

4. Тепих со големина од 9 илјади квадратни метри

Зошто во 1936 година на Црвениот плоштад во Москва е одмотана огромна труба и поставен тепих со големина од 9 илјади квадратни метри? Едноставно Сталин сакаше да гледа фудбал без да се симнува од трибината на Мавзолејот.

5. Советски ученици во гас-маски

Децата на училиште во редовната настава учеа како да се однесуваат во случај на хемиски или нуклеарен напад, како да држат оружје и да фрлаат бомби. За среќа, во пракса не можеа да ги развијат вештините, но сеедно, тоа изгледаше застрашувачки...

6. Жени во шубари во затворено

На доцните советски фотографии се забележува чудна појава, жените како по правило носат високи крзнени шубари и не ги симнуваат дури ни кога се во затворен простор. Таквата капа секогаш беше знак на престиж, нешто како најновиот „Ајфон“ денес. А со таа цел можеше без проблеми и да се препотувате сите осум часа на работа.  

7. Советска жена изведува работи на пат

Родовата рамноправност токму така ја сфаќаа таму каде што се одлучуваше.

8. Модни трендови

Советската мода совршено точно го диктираше изгледот на жената, ја пропишуваше должината на фустаните и видот на цветни дезени. Всушност сите ги шиеја фустаните според ист дезен од истите списанија, а и изборот на материјал не беше голем.

9. Деца во иста облека

Модните трендови не ги заобиколија ни децата. За нив беше предвиден кариран дезен.

10. Советски салони за убавина

Индустријата за убавина доживуваше дотогаш невиден замав.

11. Скулптури правени од човечки тела

Тоа беа првите Игри на добра волја (алтернатива на Олимписките игри) одржани во Москва 1986 година. Учесниците со своите тела правеа огромни скулптури.

12. Мечка на велосипед

Класичниот стереотип за Русите и мечките на дело.

13. Победникот на првиот Сесојузен конкурс за роботи

Како ти допаѓа ова, Илоне Маск?

14. Теписи на сите страни

Страста кон теписите не познава граници. За тоа зошто Русите закачуваат теписи на ѕид прочитајте овде.  

15. Сончање под ламба

Недостигот од сонце во СССР беше надоместуван на оригинален начин, децата ги ставаа под кварцни ламби. Така се сончаа на затворено.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња