Русите работат без план, но кога ќе почнат да импровизираат им нема рамни! Оваа позната шега одлично ја опишува снаодливоста на народот во безизлезни ситуации. Ова се можеби најнеобичните трикови на руските војници во Втората светска војна.
НИ-1
Alf van Beem/WikipediaВо првите денови од војната германската армија го уништила поголемиот дел од советската воена техника. На Црвената армија ѝ биле крајно неопходни тенкови и други оклопни возила.
На бранителите од Одеса им паднало на ум на мегдан наместо со тенкови, кои ги немале, да излезат со трактори. Се надевале повеќе на психолошкиот фактор зашто ниту еден трактор со топ не може да му парира на метален гигант од 30 тони.
Излегло дека на романските окупатори тргнале 20 трактори покриени со метални листови. Нападот бил изведен ноќе со сирени и силни светла, па Романците морале да избегаат.
„Тракторите во Советскиот Сојуз се правеле така што можеле лесно да се преправат во тенкови. Дури и ширината на гасениците на советските трактори одговарала на ширината на гасениците на советските тенкови“, вели историчарот Јарослав Листов. Непријателите тогаш помислиле дека им се приближуваат „тенкови со необична конструкција“, па во паника почнале да се повлекуваат. А, советските војници овој модел на тенк го нарекле НИ-1 – „На испуг“, односно „На штрек“.
За време на блокадата на Ленинград германската команда редовно испраќала во градот свои шпиони и диверзанти кои поседувале документи, список со адреси и сите потребни контакти за операцијата да биде успешно изведена. Но, Русите секогаш што ќе фрлеле поглед на фалсификуваните документи, лесно ги откривале германските шпиони.
Германците никако не можеле да сфатат каде грешат зашто најголемите професионалци на својот занает работеле на овие документи, користеле советска хартија, ја повторувале нијансата на сите бои, сите потребни жигови, но залудно.
Дури по војната дознале дека шпионите биле откривани поради еден мошне едноставен пропуст. Имено, Германците за документите користеле спојници од нерѓосувачки метал, додека советските лични карти имале за’рѓани спојници.
Во една битка против германската војска во горниот тек на Дон советските снајперисти без жртви ликвидирале цела минофрлачка единица на непријателот.
Германските војници биле камуфлирани како што треба и имале одлична позиција, но тоа не запрело двајца советски снајперисти. Успеале да се вовлечат во блиското разурнато село каде сè било уништено и се вовлекле во печката на една куќа без ѕидови.
Следниот ден наутро немало ниту еден жив Германец. До крајот никој не сфатил дека снајперистите пукаат од старата печка во самиот центар на изгореното село.
Криптографите на Хитлер можеле без мака да ги дешифрираат сите радиопораки и шифри на советските војници за врска, сè дури партизаните не решиле намерно да прават правописни грешки за да ги збунат Германците.
Така се појавиле зборовите „бранетронаспаааартеры“ наместо „бронетранспортеры“ (оклопни возила), „сомалеты“ наместо „самолёты“ (авиони), „вовтоматы“ наместо „автоматы“ (автоматски пушки), „бонбешки“ наместо „бомбежки“ (бомбардирање) итн.
Но, шлаг на тортата секако бил „распонот на мисли и богатство“ на рускиот јазик, односно погрдната лексика. Кога на советските војници за врски конечно им дозволиле во разговорите да користат разни руски пцости, германските криптографи сфатиле дека се прелажале, мислејќи дека го знаат рускиот јазик.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче