10 факти за битката за Берлин што не сте ги знаеле

Војници на Црвената армија на тенкот „Јосиф Сталин“ (ИС-2) пред Бранденбуршката порта во Берлин. Германија, крај на Втората светска војна, мај 1945 година.

Војници на Црвената армија на тенкот „Јосиф Сталин“ (ИС-2) пред Бранденбуршката порта во Берлин. Германија, крај на Втората светска војна, мај 1945 година.

Getty Images
Чија армија тргнала во јуриш на главниот град на Третиот рајх заедно со советските единици? На кој начин во копнениот јуриш на Берлин учествувала советската воена морнарица?

1. Битката за Берлин се водела од средината на април до почетокот на мај 1945 година, но можела да почне уште во првите денови од февруари. По Висланско-одранската операција, советските единици стасале на само 60-70 километри од германската престолнина. Првиот белоруски фронт под команда на маршалот Георгиј Жуков бил подготвен да преземе решителен марш на Берлин. Меѓутоа, непријателот очајнички ги нападнал соседните фронтови – Првиот украински и Вториот белоруски. Покрај тоа, во тек било префрлањето на германските единици од Курландија во Померанија. На Жуков му било наредено да им помогне на соседите, а берлинската операција да биде одложена за пролет.

Голема татковинска војна 1941-1945. Офанзива на советските трупи во Германија. Берлинска операција, април-мај 1945 година. Офанзивата на Берлин.

2. Пред почетокот на решавачкиот јуриш на Берлин се поставило прашањето за тоа кој ќе го заземе градот – дали Првиот белоруски фронт на чело со Жуков или Првиот украински фронт на чело со Иван Конев. Сталин со молк дозволил своевидно „натпреварување“ помеѓу двајцата маршали. Конев толку се занел што неговите единици во тежнеењето кон центарот ги нарушиле линиите на раздвојување меѓу фронтовите и предизвикале мешаница и збрка во заднината на единиците на Жуков. На крајот била донесена одлука центарот на градот да го заземат војниците на Првиот белоруски фронт, а Првиот украински фронт да им помогне во тоа.

Борбата на Црвената армија на улиците на Берлин, 1945 година.

3. Црвената армија не била сама во битката за Берлин. Поддршка ѝ давала Првата армија на Полската војска која броела 200.000 луѓе, што било околу 10% од целиот контингент. Опремени со советско оружје, сојузниците ѝ се потчинувале на комунистичката Привремена влада на Полската Република и се бореле под своето знаме и во својата национална униформа. Највпечатлива епизода со нивно учество биле борбите на подрачјето на паркот Тиргартен, каде војниците на првата дивизија „Тадеуш Кошќушко“ ја поддржале советската Втора гардиска тенковска армија во моментот кога советската пешадија не можела да ја покрива.

Големата татковинска војна 1941-1945. Полската војска положува заклетва на церемонијата на формирањето на полската дивизија „Тадеуш Кошќушко“. Полковникот Зигмунд Берлин е поставен за командант на Првата полска пешадиска дивизија.

4. Германија пред почетокот на битката веќе останала без сите свои сојузници, но илјадници странци сè уште се бореле за неа. Меѓу другите во градот дејствувал баталјон на Првата латвиска СС дивизија, а исто така и Данци, Швеѓани, Норвежани и Холанѓани од СС дивизијата „Нордланд“, како и Французи од СС дивизијата „Шарлемањ“. Освен тоа, главниот град на Третиот рајх го бранеле и неколку стотини Шпанци кои по повлекувањето на Сината дивизија од Источниот фронт во 1943 година решиле да останат и да ја продолжат борбата против Советскиот Сојуз.

Советски бомбардери учествуваат во воена операција во Битката за Берлин, 20 април 1945 година

5. За советската хаубица Б-4 со калибар од 203 милиметри на која Германците ѝ дадоа прекар „Сталинов токмак“ не постоеше неизводлива задача. Таа лесно ги уриваше бункерите на Манерхајмовата линија и за неколку десетина минути можеше да претвори повеќекатница во урнатини. Во Берлин, меѓутоа, се најде „тврд орев“ што ова познато оружје не можеше да го скрши. Тоа беше таканаречената флак кула на Луфтвафе на подрачјето на берлинската зоолошка градина. И покрај долготрајните и упорни стрелби беше оштетен само еден агол на ова масивно здание. Гарнизонот се предаде дури кога престанаа борбите во целиот град.

Берлин, Германија. Артилериски екипаж на советската хаубица Б-4 со калибар од 203 милиметри под команда на водникот Н. Мешков го гаѓа Рајхстагот во Втората светска војна

6. Рајхстагот не беше заземен од прв обид. Офанзивата на 29 април пропадна. Зградата падна дури на 30 април вечерта. Следниот ден, кога над овој симбол на Третиот рајх веќе се виореа советски знамиња, 1.500 Германци се обидоа од подрумските простории на Рајхстагот да се пробијат надвор, но безуспешно.

Војници на Црвената армија го носат своето воено знаме во јуриш на Рајхстагот, Берлин, 1945 година, Втора светска војна

7. „Американците“ на некој начин сепак учествуваа во битката за Берлин. Станува збор за тоа дека во офанзивата беа користени и американските средни тенкови М4А2 „Шерман“ кои САД му ги испорачаа на Советскиот Сојуз според програмата на законот за заем и за наем. Само Втората гардиска тенковска армија изгуби 209 вакви тенкови во борбите за Берлин.

Втора светска војна, Германија, Битката за Берлин. Советската војска го зазеде плоштадот Софија-Шарлота во Шарлотенбург (тенкот „Шерман“ кој го користеше советската армија, 29.4.1945

8. И покрај тоа што Берлин е прилично далеку од Балтичкото море, советската воена морнарица активно учествувала во борбите за градот. Помали воени чамци на Днепарската флотила од 23 до 25 април, за време на форсирањето на реката Шпре, под непријателски оган на подрачјето на борбените дејствија префрлиле над 16.000 војници и 100 артилериски оружја.

Днепарската воена флотила. Полуглисери на реката Шпре. Април, 1945 година.

9. Берлин е една од западноевропските престолнини што руската армија ја заземала трипати. Првиот пат било во 1760 година за време на Седумгодишната борба, а вториот во Војната на шестата коалиција против Наполеонова Франција во 1813 година.

Берлин во урнатини на крајот од Втората светска војна

10. Звучи парадоксално, но додека Црвената армија одела во јуриш на главниот град на Третиот рајх, дел од територијата на Советскиот Сојуз сè уште бил под германска окупација. Околу 250.000 непријателски војници биле блокирани во таканаречениот Курландски обрач во западна Латвија. Овие единици добиле шеговит назив „логор на вооружени воени заробеници“. Опколените единици капитулираа на 10 мај. Сепак, илјадници балтички колаборационисти со извесен број Германци не го положија оружјето, ами во локалните шуми тргнаа во герилска војна против советската власт.

Војници на Црвената армија ја слават победата над нацистичка Германија пред зградата на Рајхстагот по битката за Берлин во Втората светска војна. Германија, 1945 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња