Триумфот во вселената – секојдневие на обичните советски граѓани (ФОТОГРАФИИ)

Млад посетител на Изложбата на достигнувањата на народното стопанство на СССР седи на платформа пред ракета „Восток“ близу павилјонот „Космос“.

Млад посетител на Изложбата на достигнувањата на народното стопанство на СССР седи на платформа пред ракета „Восток“ близу павилјонот „Космос“.

Походин/Sputnik
Главното достигнување на СССР во текот на 1960-тите беше секако првиот лет на човекот во вселената. Советските граѓани неверојатно се гордееја со тоа (со „дискретна“ помош на пропагандата).

1. По летот на Гагарин во вселената секојдневниот живот во Советскиот Сојуз се промени драстично. Многубројните агитациски плакати го прикажуваа првиот космонаут како некое божество.

2. Ликот на Гагарин беше толку чест на поштенските марки што меѓу филателистите постоеше термин „филателистичка гагаринијана“. Беа дури пишувани и книги за марките од вселенската ера.

Советска поштенска марка, 1964.

3. Набргу по летот на Гагарин, истата 1961 година почна масовно производство на рачни часовници од марката „Ракета“. Сé до 1980 година се произведуваа преку 4 милиони вакви часовници годишно.

Советски и руски дизајн – еволуција на рускиот рачен часовник „Коперник“.

4. Советската пропаганда се трудеше максимално да ја искористи популарноста на освојувањето на вселената. Државните фабрики за чоколада дури правеа и слатки под називот „Вселенска одисеја“и „Стратосфера“.

„Стратосфера“, фабрика за чоколада „Красный Октябрь“ („Црвениот октомври“).

5. И најмладите мораа да знаат за триумфот во вселената и затоа мозаикот со вселенски мотиви беше вообичаен во многу советски училишта и детски одморалишта.

Пано со мозаик на фасада на училиште во Северодвинск.

6. Сите деца мечтаеја да станат космонаути и често правеа скафандери за игра...

7. ...за Новогодишниот маскенбал,

8. ...и за аматерските претстави во училиштата и летните кампови. Тоа беше со хумор прикажано во класичниот советски филм „Добредојдовте или Забранет влез“.

9. Дури и автобуските станици во СССР беа украсени со мозаици со вселенски мотиви.

10. И просторот за игра често беше украсен со вселенски бродови и ракети.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња