Зошто Америка не го збришала СССР од лицето на земјата кога „можела“?

Дмитриј Баљтерманц, МАММ / МДФ
Иако ваква идеја постоела во главите на лидерите на Америка и на Велика Британија, западните сојузници не се дрзнале да тргнат против СССР кога имале предност во нуклеарното вооружување. Како Советскиот Сојуз купувал време до создавањето сопствено нуклеарно оружје?

Некои историчари сметаат дека вистински победник во Втората светска војна е Америка и дека за тоа постои причина. Америка излегла од војната како најбогата држава во светот со минимални загуби и со нуклеарно вооружување. Нејзиниот иден ривал, Советскиот Сојуз, од војната излегол овенчан со слава, но со ужасни загуби и без нуклеарно оружје. По војната многумина размислувале зошто Американците не ја искористиле стратешката предност да го „збришат СССР од лицето на земјата“. Постојат неколку причини за тоа.

Северноатлантскиот блок многу се плашел од тенковските единици на СССР кои можеле дури и во случај на нуклеарна војна да ја освојат цела Западна Европа. Америка во тоа време не располагала со големи количества нуклеарни бомби, а оние што ги поседувала биле со помала сила, од „само“ неколку килотони. Дури и некои конвенционални масовни стратешки бомбардирања со поголеми жртви од ударите на Хирошима и на Нагасаки (на пример, Дрезден и Токи).

Поранешниот непријател на СССР германскиот генерал Мелентин напишал: „Тенкистите на Црвената армија зацврстија во војната, нивното искуство неизмерно порасна. За таква трансформација потребна е висока организација, необично искуство за планирање и раководење... Во сегашниот момент каков било реален план за одбрана на Европа треба да произлегува од тоа дека воздушната и тенковската армија на СССР можат да се истурат на нас со таква брзина и бес, во споредба со кои било операции на блицкриг од Втората светска војна би избледеле. Ние мораме да очекуваме длабоки удари, нанесени со молскавична брзина“.

Кога со вооружените сили на НАТО во Европа командуваше генерал Алфред Груентер атлантските сили имаа само 17 дивизии. Од друга страна Советскиот Сојуз можеше да фрли во напад од 80 до 100 првокласни дивизии. Истакнатиот американски генерал од Втората светска војна и од Корејската војна Метју Риџвеј во своите мемоари признава дека доколку Русите започнеле напад на целиот фронт од Норвешка до Кавказ, НАТО ќе се нашол во тешка положба.

Сталинград, 1942 година

Американскиот генерал призна дека советските вооружени сили се модернизирани, аеродромите се добри, а авијацијата на високо ниво. Резервите на нуклеарно оружје на Америка беа ограничени, а исто така и нивното базирање било подложно на диверзантски напади. Така што во раната фаза на Студената војна Америка немала перспективи за сигурна победа или барем победа во војната против СССР.

Мирот на планетата и паритетот во периодот од 1945 до 1950 година го чуваа советските копнени единици чие копје беа масовните тенковски армии, офанзивната и ловечката авијација. Западот во тоа време немал сили да го запре советскиот продор. Силите кои во тој период се наоѓале во Европа по демобилизацијата имале ниска борбена вредност доколку се споредат со советските сили. Германската војска која била способна да војува против Советите е уништена во огнот на војната, а друга ефикасна германска армија не била создадена.

МиГ-15

Советските стручњаци во тоа време имаат развиено млазни авиони МиГ-15, ракети земја-земја, нуклеарно оружје и ефикасни средства за ПВО. Паритетот што го држеше масовната копнена армија на СССР не можеше вечно да трае, но купи време кое беше неопходно за СССР да ја достигне рамнотежата на силите во клучните сегменти на одбраната. Штом новите оружја беа развиени, СССР повторно направи „офанзивен“ исчекор, помагајќи го својот идеолошки сојузник во Кореја заедно со Кина. Стратешката авијација на САД која го претставуваше најстрашното оружје на западните сили доби достоен одговор во советскиот ловец МиГ-15 со кој со дејствијата над Кореја покажа дека предноста на Америка е доведена во прашање.

Прочитајте исто така: Како МиГ-15 ја запре американската надмоќ на небото

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња