Како руските мигови го плашеа НАТО

МиГ-31

МиГ-31

Сергеј Кривчиков/Global Look Press
Руските ловечки авиони МиГ веќе 70 години ѝ создаваат главоболки на Северноатлантската алијанса. НАТО немал отсекогаш доволно моќно и ефикасно оружје кое можело да им парира.

МиГ-15

Млазен ловец МиГ-15,

Еден од најдобрите мигови беше МиГ-15. Тоа беше почетокот на развојот на советската авијација на млазен погон. Ширум светот се направени речици 18.000 авиони од овој модел, така што денес ова е најпродуктивниот ловечки авион во историјата. 

Конструиран е набргу по Втората светска војна, а се прослави во Корејската војна каде во многубројните воздушни дуели се бореше против американските Ф-85 Сабре. Овие два млазни авиони беа достојни ривали, со тоа што Сабре беше поефикасен на помали, а МиГ на поголеми височини. 

МиГ-15 е одговорен за една од најтемните страници во историјата на американското воздухопловство, позната под називот „Црн четврток“. Имено, на 23 октомври 1951 година советските пилоти соборија осум стратешки бомбардери Superfortress и два F-84 кои ги следеа, губејќи само еден авион.

МиГ-21

Надзвучниот ловец МиГ-21 слетува на аеродромот Домодедово.

Направени се вкупно 11.496 авиони од овој модел, така што МиГ-21 е најтиражниот надзвучен млазен авион во историјата. Беше евтин, благодарение на масовното производство. Еден МиГ-21 чинеше помалку од борбеното возило на пешадијата БМП-1.

МиГ-21 беше мошне популарен во целиот свет. Се користеше во 65 земји. За првпат полета пред повеќе од 60 години, но некои земји и понатаму го користат (Ангола, Египет и Виетнам). 

Овој авион беше користен во многу конфликти и војни, а најдобро се покажа во Виетнам. Американската авијација имаше апсолутна бројна надмоќ, но виетнамските пилоти сепак постигнаа исклучителен резултат – понесоа 165 воздушни победи во кои изгубија 65 авиони. Пилотот Ха Ван Чук на својот авион МиГ-21 на 3 јануари 1968 година се судри со 36 американски ловци и го собори полковникот на авијацијата. 

МиГ-25

Надзвучен пресретнувач и набљудувачки авион на руското воено воздухопловство МиГ-25 во воздух.

Овој надзвучен авион е конструиран како пресретнувач на американскиот бомбардер Б-58 кој можеше да ја пробие советската одбрана и да изврши нуклеарен напад. МиГ-25 беше наменет и за пресретнување на новиот американски набљудувачки авион Lockheed SR-71 зашто за него беа мошне бавни МиГ-21 и Су-15 кои советската авијација ги користеше кон средината на шеесеттите години од минатиот век.

Американците беа непријатно изненадени од појавата на советскиот пресретнувач кој развива брзина од 3.000 километри на час. Конгресот на САД свика вонредно заседание на кое беше донесена одлука да се забрза работата на ловците Ф-14 и Ф-15. 

Едно од најголемите велепредавства во советската историја е поврзана за МиГ-25. Имено, во септември 1976 година поручникот Виктор Бељенко со овој авион пребега во Јапонија. Американските стручњаци го поделија на делови и го проучија советскиот пресретнувач, а потоа го вратија во СССР. Потенцијалниот противник ги дозна сите тајни, така што опремата на авионот МиГ-25 беше итно заменета. 

МиГ-31

МиГ-31

МиГ-31 е еден од најбрзите ловечки авиони на светот (3.000 километри на час). Направен е врз основа на моделот МиГ-25, со таа разлика што има две седишта – за пилотот и за навигаторот. 

Овој пресретнувач исто времено гаѓа шест, а следи десет цели. Четири ловци МиГ-31 контролираат линија на фронтот долга 1.100 километри.

Кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век овие ловци ефикасно го спречија делувањето на американскиот набљудувачки авион SR-71 Blackbird во близина на советските граници. Сега МиГ-31 се применува во Сирија каде ги следи бомбардерите и делумно се користи наместо набљудувачкиот авион А-50 за радарско откривање цели од воздух.

МиГ-29

МиГ-29

МиГ-29 е еден од најдобрите современи модерни ловечки авиони. Го имаат 28 земји во светот. Овој советски авион може да се види дури и во американските воздухопловни бази. Молдавија, имено, во 1997 година им продаде на Американците 21 летало од овој тип. Американците ги проучија, а потоа неколку примероци ѝ ги покажаа на јавноста. 

МиГ-29 е базичен модел на многубројни модификации. Една од нив е палубниот МиГ-19К – основна ударна сила на индискиот носач на авиони Vikramaditya и на рускиот носач „Адмирал Кузнецов“ (кој исто така ги користи и авионите Су-33). 

Во неколку наврати руските ловечки авиони се имаат борено еден против друг. Најпознат случај е оној од Еритрејската војна за независност (1998-2000). Во неколку воздушни дуели напредниот етиопски Су-21СК (купен од Русија) однесе победа над еритрејскиот советски авион МиГ-29 од осумдесеттите години од минатиот век, кој беше купен од Белорусија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња