Почина сопругата на Гагарин: Кој ѝ даваше поддршка на легендата на космонаутиката?

Јуриј Абрамочкин/Sputnik
Иако имаше милиони обожавателки, Јуриј Гагарин вистински сакаше само една жена.

1. „Кај неа ми се допаѓаше сé: карактерот, нискиот раст, смеѓите очи полни со сјај, плетенките, малиот, по малку пегаст нос“ – така својата жена Валентина ја опиша најпознатиот космонаут на светот. Сопругата на Гагарин се упокои на 17 март 2020 година, во 85 година од животот.

Советскиот пилот Јуриј Гагарин (лево) со сопругата.

2. Првпат се сретнаа кога и двајцата имаа по дваесет години, на вечера со танци во Оренбуршката авијациска академија и веднаш се вљубија еден во друг.

Јуриј Гагарин со сопругата Валентина на одмор во Сочи.

3. Јуриј и Валентина живееја во среќен брак 11 години, сé до загинувањето на Гагарин во авионска несреќа на 27 март 1968 година. Им останаа две ќерки - Елена и Галина.

Јуриј Гагарин со сопругата Валентина и ќерката Галина.

4. „Многу нешта ме врзуваа за Валја (деминутив од Валентина): љубовта спрема книгите, страста спрема скијањето, интересот за театарот...“ пишуваше Гагарин.

Јуриј и Валентина.

5. Тоа беше обично, скромно семејство, сé до историскиот лета во вселената на Гагарин на 12 април 1961 година, по што обајцата се најдоа во центарот на вниманието на целиот свет. Јуриј и Валентина се запознаа со светските лидери, многу патуваа, учествуваа во големи манифестации и секојдневно добиваа купишта писма.

Јуриј Гагарин со сопругата Валентина и ќерката Галина на Крим.

6. За Валентина тоа беше тежок период. Милиони жени во целиот свет се вљубија во нејзиниот Јуриј, а меѓу нив и Џина Лолобриџида, секс- симболот на тоа време.

Јуриј Гагарин со сопругата Валентина и ќерката Галина на Крим.

7. Обајцата успешно го поднесоа сјајот на светската слава. Јуриј секогаш ѝ беше верен на својата „срамежлива и скромна девојка во обичен син фустан“.

Јуриј Гагарин со сопругата Валентина и ќерките Галина и Елена.

8. Таква и остана Валентина спрема својот маж до крајот на својот живот. По неговата смрт не се омажи повторно.

Јуриј и Валентина Гагарин.

9. Како и нејзиниот маж Јуриј, Валентина Гагарина го посвети животот на вселената. До заминувањето во пензија работеше во лабораторијата на медицинската секција на Центарот за управување со летовите. Валентина Терешкова, првата жена која леташе во вселената, секоја година задолжително ѝ доаѓаше на роденден на Валентина Гагарина со огромен букет рози.

Валентина со ќерките на погребот на Јуриј Гагарин и Владимир Серјогин на Црвениот плоштад.

10. Валентина Николаевна направи многу за зачувување на споменот на Јуриј Гагарин. Учествуваше во меморијални церемонии, даде придонес за основањето на музејот на Гагарин и ја издаде книгата „108 минути и цел живот“. Но никогаш не даде ниту едно интервју.

Сопругата на Гагарин Валентина (десно) со ќерките спие на задно седиште.

11. „Како сопруга на првиот космонаут таа го чувствуваше бремето на огромната одговорност. Достојно го носеше до последниот ден“, рече космонаутот Елена Серова.

Семејството на космонаутот Јуриј Гагарин: сопругата Валентина и ќерката Елена.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња