Средбата на Елба: Бајрон Шивер и Иван Нумлаѕе
Евгениј Халдеј, МАММ / МДФВетеранот на Втората светска војна Стивен Мелников, кој во ноември наполни 100 години, со нетрпение очекува да го прелета океанот и да присуствува на Црвениот плоштад на 9 мај.
„Верувам дека ќе отпатувам во Москва“, изјави Мелников за агенцијата РИА „Новости“. „Ако нашата организација на ветерани The Greatest Generations Foundation отпатува во Москва, и јас ќе одам со нив. Во тек се преговори со амбасадата на РФ, сите го планираат тоа патување“.
Стивен Мелников држи своја војничка фотографија
The Greatest Generations FoundationТој истакна дека за него е важно да биде на 9 мај во Москва затоа што „токму таа коалиција ја победи германската машина“.
„Јас имав многу среќа што останав жив. Двапати сум ранет и тука сум. Имам 100 години и сé уште можам да разговарам со вас. Би сакал да им порачам нешто на сите за да не мораме повторно да минуваме низ војна и за да живееме заедно. Тоа е за мене важно“, вели Американецот.
„Многу наши ветерани сега се во инвалидски колички, не излегуваат од дома... Но јас сум сé уште подвижен и затоа сум сигурен дека ќе отидам во Москва. Навистина се надевам да го сретнам претседателот Путин“, додава Американецот.
„Бев подготвен за војна. Знаевме дека Црвената армија трпи големи загуби. Знаевме дека им е потребна помош. Тие не ќе можеа да ја добијат војната без нас, и ние не ќе можевме без нив. Знам какви огромни загуби трпеше Советскиот Сојуз. Нашата цел беше да го спасиме мирот“, се сеќава ветеранот.
Мелников зборуваше и за средбата на Елба 1945 година.
„Дојдовме до Елба. Таму запревме според договорот на нашите политичари. Заробивме цела ракетна дивизија Германци – 10 илјади луѓе. Тоа го направи мојот полк. А по неколку дена дојде Црвената армија“.
Средбата на Елба
Иван Шагин МАММ / МДФ„Секогаш сум имал добар однос спрема Русите“, вели Мелников, чии родители се всушност украински емигранти, додека тој е роден на Роуд Ајленд. „На Елба ги видев Русите само накратко. Само неколку војници ја поминаа реката за да преговараат со нас. Јас лично не разговарав со нив. Бев таму и се надевав дека ќе ме повикаат да преведува, но имавме многу претставници на различни националности во секој вод и имаше многу луѓе кои можеа да преведуваат на руски“, вели ветеранот.
За руско-американските односи и обидите за поинакво толкување на историјата ветеранот вели дека сето тоа е политика на која тој не може да влијае.
„Историјата за мене е онаква каква што навистина беше. Не се обидувам да ја променам. Беше како што беше и јас тоа нема да го менувам. Ја раскажувам историјата што ја знам, а политичарите постапуваат поинаку“.
На 75 годишнина од ослободувањето на Аушвиц лидерите на ЕУ и САД, на пример, премолчеа дека логорот го ослободиле црвеноармејците.
„Јас видов сé“, вели по тој повод Стивен Мелников. „Знам што беше во Аушвиц. Знам кој што направи. Јас не можам да влијаам на тоа што луѓето го зборуваат, но јас знам како беше. Кога беше ослободен Аушвиц ние сé уште бевме во Холандија или Белгија, сé уште бевме на пат. Знам дека Советскиот Сојуз ги спаси тие луѓе“, вели американскиот ветеран на Втората светска војна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче