Три неверојатни подвига на советските војници во Сталинградската битка

Георгиј Зељма/Sputnik, Mchpv (CC BY-SA 4.0)
Благодарение на доброто дело токму со овие подвизи СССР успеал да победи во најстрашната битка во човековата историја.

Единиците на германската Шеста армија во средината на септември 1942 година се пробиле во центарот на Сталинград. Жестоки борби се водеа за секоја зграда која на Германците можеше да им претставува пречка на патот кон Волга.

Постариот водник Јаков Павлов на 27 септември добива наредба да заземе положба во петкатна станбена зграда на плоштадот Деветти јануари во самиот центар на градот, потиснувајќи помал германски гарнизон. Зградата ќе стане позната како Павлова, тврдина во која 31 борец на Црвената армија во текот на два месеци ги надминува непријателските напади.

Без оглед на називот во кој влегла во историјата со одбраната на зградата за целото време на опсадата командувал лајтнант Иван Афанасјев кој му се приклучил на Павлов со својот вод.

„Хитлеровците не ја оставаа нашата зграда на мир ниту еден ден. Нашиот гарнизон кој не им дозволи да минат ниту чекор напред за нив беше кошмар. Од ден на ден се интензивираа нападите, очигледно одлучувајќи да ја срамнат куќата со земја. Еднаш германската артилерија гаѓаше непрекинато дење и ноќе“, пишува во своите мемоари Павлов.

Советските војници од покривот, од прозорците и од подрумот отворале тежок оган врз противникот што ги напаѓал. Во подрумот се криеле и другите мирни граѓани. Храна, вода и муниција се носеле ноќе од Волга под постојано пукање. Куќата на Павлов држела врска со другите советски единици или кога била изолирана, станувала осамен остров на отпорот.

На 19 ноември Црвената армија ја започнала операцијата „Уран“, опсадата на Шестата армија, парализирана во Сталинград, благодарение на тврдоглавата борба на советските војници. А, по една недела во контранапад преминале и бранителите на Павловата куќа заедно со другите единици од Шеесет и втората армија. Денес е невозможно да се пресмета загубата на Германците, но се знае дека се брои во стотици војници. Гарнизонот во прочуената куќа кој стоички се бранел во текот на целата опсада има изгубено само три лица.

Подвигот на Михаил Паникаха

Во март 1942 година маринецот Михаил Паникаха кој служел во Тихоокеанската флота на свое барање е префрлен на советско-германскиот фронт. Есента истата година неговиот 883 стрелечки полк се нашол во самиот пекол на Сталинградската битка во борбите за фабриката Црвен октомври на брегот на Волга.

На втори октомври во текот на германската офанзива на положбата на седум германски тенкови се пробил блиску до рововите. Војникот Паникаха со две шишиња заплива течност во рацете, се провлекол до главниот противнички тенк.

На оддалеченост од 40 метри од целта во моментот кога замавнал да го фрли, шишето било погодено, а запаливата течност се истурила на лицето и на униформата на борецот.

Михаил Паникаха кој во момент се претворил во пламен не потрчал кон своите, ама отрчал кон противничкиот тенк и второто шише го скршил од него.

„Огромен пламен и чад го проголтаа херојот заедно со нацистичкото возило што го запали“, пишува командантот на 62 армија генерал-лајтнант Василиј Чујков.

Островот на Људников

Островот на Људников не е остров на реката Волга како на што може да помислите од прва. Под ова име во историјата влегла херојската одбрана на помало подрачје од фабриката „Барикада“ што ја водела 138 стрелачка дивизија на полковникот Иван Људников.

Единиците на 61 армија од средината на октомври се обидувале да го задржат под контрола подрачјето на фабриката и да не им дозволат на германските единици да излезат на брегот на Волга. Но, на 11 ноември сите погони на фабриката биле изгубени.

Остатоци од растурената 138 стрелачка дивизија контролираа само помала делница на фабриката. Потиснати до Волга и опколени со непријатели, војниците се криеле во ровови на мало парче земја со големина од 700 на 400 метри.

Снабдувањето со чамци од левиот брег на Волга, следено со постојан противнички оган воопшто не било лесно. Ништо подобро не било ниту со снабдувањето со „воздушен мост“. „Пилотите, мајстори за ноќни летови на бавните По-2, се обидуваа да им помогнат на бранителите на Барикада. Тие над 'островот' фрлаа вреќи со муниција и со двопек. Поради малата површина вреќите паѓаа надвор од линијата на фронтот во рацете на непријателот или во Волга“, пишува Људников.

Се случувало војниците да мораат да се борат по цел ден со еден двопек во џебот. „Имавме вошки, бевме гладни, меѓутоа во определен момент нè обзеде бес, повеќе не се жалевме ниту себе, ниту Германците... Жестоко се боревме за секоја педа, а ноќе и ние и Германците се извлекувавме и се обидувавме да се пробиеме низ фабричките комуникации и тунели. Ние го правевме тоа за да дојдеме до храна и муниција, а Германците со намера да нè збришат од Волга. Константно доаѓаше до директни судири на мали групи“, пишува во сеќавањата војникот Миља Розенберг.

Единиците на Црвената армија ја пробија блокадата на 138 дивизија. На подрачјето на „островот“ денес се наоѓаат три заеднички гробници на советските војници. Во само една од нив се погребани над три илјади луѓе. Податоци за другите две не постојат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња