Московскиот Кремљ, најголемата зачувана тврдина во Европа, во себе крие многу тајни. Многу генерации истражувачи се обиделе да ги одгатнат. Дали под Кремљ се наоѓа библиотеката на Иван Грозни? Постојат ли подземни ходници кои водат во други делови од градот:
Секоја средновековна тврдина имала свои тајни патеки и премини. Кремљ во овој поглед не е исклучок. Кога била изградена тврдината во неа секако постоеле скриени тунели за собирање вода. Не се зачувани ниту ѕидините на првобитниот Кремљ, ниту на оној што Дмитриј Донски го направил од бел камен. Сегашниот Кремљ е од времето на Иван Велики. Кон крајот на 15 век оваа тврдина веќе била застарена за војување зашто нејзините ѕидини и кули биле оштетени во опсадите и во пожарите, така што не можеле да го издржат притисокот на непријателот. Иван поканил италијански ѕидари кои ги подигнале ѕидовите и кулите од цигла, изградиле храмови и дворец за великиот кнез. Токму Италијанците и ги направиле едноставните подземни објекти во Кремљ, потребни на секоја тврдина.
Хипотетичка шема на конструкцијата на тајниот бунар во Тајницката кула.
Archive photoПод Тајницката кула во 1485 година направена е скривница чија намена не е позната. Таа е откриена во 17 век, но тогаш повеќе не била пристапна зашто скалите биле искршени, ѕидовите урнати, а затворената врата била затрупана со шут. Кога во 1826 година скривницата била полна со вода и оставена без поклопец, во неа се удавил еден чувар. Поголемиот број историчари сметаат дека тоа бил еден од кремљовските бунари.
Голем подземен систем со вода под Москва.
Legion MediaАрхитектот Иљја Бондаренко во 1918 година го истражувал Кремљ и напишал дека во една кула е „направена скривница како превентива од поткопување“. Поткопувањето било делотворен начин за освојување на моќните и непристапни тврдини како Кремљ. Однадвор се поткопувале темелите и под нив се поставувал експлозив кој можел да ги оштети ѕидините. Средство против поткопување биле „слушните“ комори под темелите. Се копале од внатрешната страна на тврдината. На крајот на комората имало мал „слушен“ отвор покрај ѕидините, така што однатре можело да се слушне каде непријателот ги поткопува ѕидините, а потоа обидот би бил спречен. Во Псковската тврдина, на пример, зачувани се најмалку 20 вакви слушни комори. Ги има и во московскиот Кремљ.
Ќелии во подземјето на замокот, мистериозен тунел.
Legion MediaПодземната просторија под Беклемишевската кила од 1525 година се користела како ќелија и како мачилиште. Иван Грозни наредил во ќелијата да биде фрлен неговиот непријател Андреј Ховански. Соседната Кула на Константин и Елена е споена со Беклемишевската кула со подземен премин кој во целина е претворен во ќелија (овие простории се долги околу 170 метри).
Авторот Михаил Пиљаев во 19 век во книгата „Стара Москва“ го има опишано „скриениот ходник со тесни прозорчиња каде со заврзани усти лежеле затвореници осудени на мачење. Устата им се одврзувала само кога требале да зборуваат или да земат оскудна храна. Биле приковани за ѕидот на кој биле забиени железни алки“. А, во близина на храмот Свети Архангел порано се наоѓале подземни простории за црковните должници, каде тие седеле на трупци приковани со синџири. Овие простории постојат и денес. Во нив се чуваат посмртните останки на московските кнегињи и царици кои се спасени за време на уривањето на манастирот Вознесение Господово во Кремљ во 1929 година.
Ќуп и содржина на ќуп – ризница пари од времето на Василиј Трети (до 1612 година) на изложбата „Нови ризници на Кремљ“, поставени во Камбанаријата на Соборниот плоштад на московскиот Кремљ. Богатството од 17 век е пронајдено во центарот на Москва за време на градежни работи.
Владимир Вјаткин/SputnikЕдна од големите предности на камениот Кремљ се состои во тоа што дури и во случај на пожар скапоценостите биле зачувани. За време на ископувањата под Благовештенскиот храм во 1840 година пронајден е таен премин, подрум од тули и бел камен, и четири подземни скривници кои се големи 40-50 метри, од Грановитата палата до Благовештенскиот храм. Подрумот на храмот бил наменет за чување скапоцености што им припаѓаат на великите кнезови. Кнезот Николај Шчербатов како археолог во 1894 година тука вршел ископувања и очигледно наишол на сводот на таа скривница. Во близина ги има пронајдено урнатините на Ризниците на московските кнезови, подигнати во 1484 година.
Ракописна книга „Духовен лек“, 17 век. Патријархови одаи. Државен историско-културен музеј „Московски Кремљ“.
Владимир Вдовин/SputnikМосковскиот кнез Василиј Трети во 1518 година го повикал во Русија учениот монах Максим Грк да преведува богослужни книги. Максим воедно ја систематизирал и ја дополнил библиотеката на Василиј Трети. Таа послужила како основа за библиотеката на неговиот син, Иван Грозни. Царот Иван во текот на шеесеттите години од 16 век му ја покажал библиотеката на пасторот Јохан Ветерман, а тој ја опишал како мошне скапоцена ризница сместена под Кремљ, во подруми со сводови. Оттогаш луѓето ја бараат оваа библиотека. Истражувачите претпоставуваат дека во неа можат да се најдат мошне вредни книги од библиотеката на Софија Палеолог, бабата на Иван Грозни и братучетка на византискиот император Константин Деветти Палеолог.
Првите поголеми археолошки ископувања во потрага по библиотеката ги направил филологот Едуард Тремер кон крајот на 19 век, со надеж дека скривницата може да биде под Теремниот дворец. Во текот на триесеттите години од минатиот век и арехеологот Игнатиј Стелецки ја поддржал таа идеја. Тој издејствувал дозвола од властите и извршил голем број ископувања на различни места во Кремљ, понекогаш доведувајќи ја во прашање безбедноста на објектот. Стелецки нашол голем број затрупани и заѕидани ходници кои водат во непознат правец, но не ги открил одаите со библиотеката. Под Теремниот дворец во 1963 година навистина се пронајдени ходници, но тие до денешен ден не се расчистени. Оттогаш не се трага по библиотеката, иако многумина истражувачи сметаат дека постои.
Тунел на Волгоградскиот подземен трамвај.
Кирил Брага/SputnikПред сè треба да се каже дека Метро 2, односно подземниот транспортен систем за мобилизација, навистина постои. Ова во интервју од 2006 година го потврди првиот градоначалник на постсоветска Москва Гаврил Попов. Метро 2 е веројатно направено истовремено со Московското метро, или нешто подоцна. Било предвидено за итна сообраќајна врска помеѓу најважните одбранбени и административни објекти на Москва (и за евакуација на луѓето од најважните државни установи во случај на војна). А, Кремљ е еден од најважните објекти во градот.
Метро 2 се наоѓа длабоко под земјата (на длабочина од 50 до 250 метри). Тоа всушност и не е метро во вистинска смисла (со возови кои се напојуваат со помош на трета шина), ами подземна железничка пруга за електрични локомотиви. Во достапните извори на кои се повикува статијата во Википедија можат да се пронајдат податоци за обновување и ремонт на електричните локомотиви кои ги влечат композициите на линиите на тајното метро. Метро делумно се наоѓа под Кремљ од каде една линија води до таканаречената Блиска Сталинова вила, односно до стратешкиот објект во предградието на Москва.
Модел на подземен објект на заштитениот команден пункт „Тагански“.
Fastboy (CC BY 3.0)Веројатно под Кремљ се наоѓаат и други сообраќајни објекти, но тоа е државна тајна, така што нивното истражување и проучување е невозможно, како ни изнесувањето на какви било податоци за нив. Тоа не е воопшто чудно зашто Кремљ сепак и понатаму е најголемата активна тврдина на континентална Европа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче