Путин: Русија е земја-цивилизација, која ги сочува самобитноста и единството на народите

kremlin.ru
Рускиот претседател истакна дека од почетокот на својата историја Русија била мултинационална и мултиконфесионална земја.

Русија многу го цени истовремено зачувувањето на самобитноста и единството на народите кои живеат во неа. Ова го изјави претседателот на РФ Владимир Путин на пленарната сесија на клубот за дискусии „Валдај“, пренесува ТАСС. 

Тој истакна дека од почетокот на својата историја Русија била мултинационална и мултиконфесионална земја.

„Во извесна смисла, ова е земја-цивилизација која органски апсорбираше многу традиции и култури, ја задржа својата самобитност, единственоста и притоа го зачува, што е многу важно, единството на народите кои живеат во неа. Ние сме многу горди на хармонијата помеѓу самобитноста и заедничката судбина на народите на Руската Федерација “, рече Путин.

„Јасно ни е дека разновидноста во државата е нормална работа. Таа нè учи и на трпение и на трпеливост“, продолжи рускиот лидер, истакнувајќи дека станува збор за способноста „да се разберат и прифатат различни гледишта, обичаи, начини на живот, а да не се наметнува својот модел како аксиома“. Путин е уверен дека ова искуство на Русија може да биде од корист за другите земји.

Прочитајте повеќе: Путин: На Грета Турнберг не ѝ објаснилe, во Африка сакаат исто ниво на благосостојба како во Шведска

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња