Путин: На Грета Турнберг не ѝ објаснилe, во Африка сакаат исто ниво на благосостојба како во Шведска

Cosimo Martemucci/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека не го дели „општото воодушевување” во врска со обраќањето на 16-годишното шведско девојче Грета Тунберг во ОН, која изјави дека мерките што се преземат во борбата против загадувањето на воздухот не се доволни.

Претседателот зборуваше за тоа на пленарната сесија на Руската енергетска недела.

„Тоа што младите луѓе, тинејџерите, го свртуваат вниманието кон актуелните проблеми на денешнината, вклучувајќи ги и еколошките проблеми, е многу добро. Без сомнение, тие треба да бидат поддржани“, рече Путин. Но, според неговите зборови, кога „некој ги користи за свои интереси“, тоа треба да се осуди. Според мислењето на Путин, никој не ѝ објаснил на Грета дека „современиот свет е сложен и разновиден, дека брзо се развива и дека луѓето во Африка или во многу азиски земји сакаат да живеат на истото ниво на благосостојба како што се живее во Шведска“.

„А како да се постигне тоа? Треба да се натераат денес да ја користат енергијата на Сонцето, која во Африка ја има доволно. Дали некој ѝ објаснил колку чини тоа?“, се прашува рускиот претседател. Тој додаде дека треба да се поддржат идеите за развој на обновливи извори на енергија, но притоа треба да се тргне од реалните факти.

На 23 септември шведската активистка за животна средина Грета Тунберг одржа емотивен говор на самитот на ООН во Њујорк, посветен на климатските прашања. Таа ги критикуваше светските лидери (во салата се наоѓаа Ангела Меркел и Емануел Макрон) поради неспособноста да се справат со еколошката криза. „Се наоѓаме на работ на масовно изумирање, а сè што вие можете да расправате се парите и вечниот економски раст“, ​​рече таа. Рефренот во нејзиниот говор беше фразата „Како се осмелувате“ (How dare you). Девојчето додаде дека политичарите ѝ го украле детството. Нејзиното обраќање предизвика реакција во целиот свет: за него и самата Тунберг зборуваа и пишуваа не само медиумите и корисниците на социјалните мрежи, туку и светските лидери. Претседателот на САД Доналд Трамп на својот профил на „Твитер“ иронично ја опиша активистката како „многу среќно девојче која ја очекува светла и убава иднина“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња