Георгиј Нефедович Захаров беше перспективен пилот на Црвената армија кој пред Втората светска војна учествуваше во Граѓанската војна во Шпанија и одбранбената војна на Кина против Јапонија. Во текот на тие два конфликта Захаров собори шест непријателски авиони. Пред почетокот на Големата Патриотска војна, доби чин генерал на само триесет и две години. Неговото сведоштво за настаните непосредно пред германскиот напад е од исклучително значење.
Георгиј Нефедович Захаров
Архивска фотографијаЗахаров во своите мемоари сведочи дека добил наредба од командантот на авијацијата на Западниот Посебен воен округ да полета во извидувачки лет со авион У-2 (По-2), на маршрута од 400 километри од југ кон север до Бјалисток (денес во Полска, 1941 година е дел од советската територија). Она што го видел Захаров во своите мемоари под наслов „Јас ловец“ го опиша како „... Граничните области западно од државната граница беа преполни со трупи. Во селата, на фармите, во шумичките стоеја слабо маскирани, како и целосно немаскирани тенкови, оклопни возила, оружје. Мотоцикли се движеа долж патиштата, лесни судејќи според сѐ штапски автомобили...“ Врз основа на тоа што го видел Захаров запиша: „... Заклучокот што го изведов за себе може да се формулира во четири збора „од ден на ден“...“.
Војските на Вермахтот ги преминуваат границите на Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941.
Архивска фотографијаГледајќи ги огромните колони германска војска како се приближуваат до советската граница, на Захаров, кој слетуваше на секои 40-50 км во близина на пограничните објекти и предавал рапорт, му беше јасно дека војната наскоро ќе започне. Сѐ што виде беше проследено до командантите на округот, како и до Москва. Захаров, исто така, се сретна и со командантот на Западниот воен округ генерал Павлов кој по месец дена на 22 јули 1941 година ќе биде стрелан непосредно по целосното уништување на фронтот со кој командуваше по започнувањето на војната... Својата средба со него на 18 јуни, добро ја запаметува. Според сеќавањата на Захаров, генералот Павлов не верувал во сето она што го раскажувал Захаров и бил многу скептичен што дури и го обвинил за паника.
Дмитриј Григорјевич Павлов
Списание „Огоњок”, № 3, 1938.Потврди за префрлањето на тенковски корпус од позадината по извидувачкиот лет дава и лично Захаров во своите мемоари. Историјатот на некои од советските единици кои учествуваа во првите битки со Вермахтот токму потврдува дека тие добиле наредба да се придвижат кон границата по извидувачкиот лет на Захаров. Од историјата на 2. тенковска дивизија на Црвената армија „На 18 јуни дивизијата е дислоцирана во Укмерге (денес Литванија)“, или од историјата на 23. тенковска дивизија „На 19. јуни дивизијата скришно се префрли од Либава (денес Лиепаја во Летонија) и се концентрираше на 22. јуни во реонот на Тељшај (денес Литванија)“. Ова се некои примери на единиците кои се распоредуваа на идниот фронт во прибалтичките републики. Едно е сигурно, по овој извидувачки лет почнаа да се распоредуваат одредени единици на Црвената армија. Мерките кои беа преземени беа задоцнети или недоволни, како што се воочени и пропусти при извршувањето на задачите. Сеќавањата на Захаров остануваат важен извор за периодот непосредно до почетокот на војната кој сѐ уште останува неразјаснет во историјата на СССР поради затвореноста на воените архиви.
За пишувањето на оваа статија се користени книгите:
Евгений Дриг. Механизированные корпуса РККА в бою. История автобронетанковых войск Красной Армии в 1940-1941 годах, - М.: АСТ, 2005.
Захаров Г.Н. Я — истребитель. — М.: Воениздат, 1985.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче