Во раните зори на 11 февруари (30 јануари според јулијанскиот календар) 1829 година огромна маса Персијци, речиси 100.000 луѓе вооружени со ножеви, со камења и со палки ја опколија руската амбасада во Техеран. Бунтовниците гневно врескаа, жедни за крвта на руските претставници кои внатре се забарикадираа.
Неколкумина дипломати и 35 козачки гардисти немаа никаква шанса против ваквата толпа, но сите јуначки се држеа до последниот момент. Персијците буквално ги растргаа Русите, а меѓу нив и амбасадорот, великиот руски поет Александар Грибоедов.
Ваквата навреда не можела да помине неказнето. Сепак не минала неказнето. Руската империја имала неколку причини да избегне војна и да го остави овој масакар без одмазда.
Александар Грибоедов бил испратен како амбасадор во Персија во 1828 година. Значи една година пред убиството. Оваа земја претходно ја изгубила војната против Русија и била принудена да плати голема воена отштета, а товарот од таа отштета најнмногу го почувствувале обичните луѓе. Кај народот растел гневот и била потребна само една искра за тој да пламне.
И персиското благородништво било револтирано. Откако Ерменија влегла во состав на Руската империја многу тукашни Ерменци барале прибежиште во амбасадата на Русија, со надеж дека на тој начин ќе ја напуштат Персија и ќе се вратат во својата матична земја.
Еден таков Ерменец дошол кај Грибоедов да побара засолниште и заштита. Тоа бил Јакуб Макарјан Мирза, кој претставувал вистинска опасност за персиското раководство. Имено., тој бил евнух во харемот на иранскиот шах, а воедно и главен благајник и чувар на скапоценостите на шахот, што значи дека знаел премногу тајни за да му биде дозволено бегство во непријателска држава.
Грибоедов ги одбил сите персиски молби да им го предаде Макарјан. Поради тоа шахот решил со сила да се изврши притисок врз Русите. Провокаторите почнале мошне успешно да шират антируско расположение кај народот и набргу илјадници жители на Техеран биле подготвени да ја срамнат со земја руската амбасада.
Шахот сакал само антируски протести, но не и отворен конфликт. Но, илјадниците учесници на овој протест излегле од контрола и тргнале кој амбасадата за да направат кланица.
Сцена од филмот „Смртта на Вазир-Мухтар“
Сергеј Винокуров/Филмска компанија „Аурора“, 2010.Александар Грибоедов лично учествувал во одбраната на амбасадата од неспоредливо помоќната разулавена толпа. Персијците јуришале кон портите, се обиделе да влезат низ прозорците, а исто така и да го демонтираат покривот и да влезат внатре. На крајот ги убиле сите козаци и сите дипломати, па и самиот Јакуб Макарјан Мирза.
Масакрираното тело на Грибоедов го изнеле од зградата и го покажувале низ целиот град. Тоа било одземено дури по наредбата на шахот.
Масакрот во Техеран го преживеал само секретарот на амбасадата Иван Маљцев – тој успеал да се скрие. Во нападот загинале и деветнаесетмина Персијци.
Сцена од филмот „Смртта на Вaзир-Мухтар“.
Сергеј Винокуров/Филмска компанија „Аурора“, 2010.Дипломатскиот скандал помеѓу двете држави секако би довел до војна во некои други околности, но не и во 1829 година кога Русија била длабоко навлезена во исцрпувачка војна против Османското царство и не можела себеси да си дозволи уште една војна со некоја друга држава.
Шахот го испратил својот внук Хозрев Мирза кај царот Николај Први со писмено извинување и со огромен дијамант од својата ризница кој денес се смета како една од најголемите скапоцености на Русија.
Рускиот владетел го прифатил извинувањето на шахот и рекол: „Го фрлам во вечен заборав овој несреќен инцидент во Техеран“. На крајот Персијците го постигнале она што го сакале. Го убиле Јакуб Макарјан Мирза, а со наредба на рускиот цар Николај Први репарацијата е намалена и рокот на нејзината испата бил продолжен за пет години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче