Шест војни кои Русија „за влакно“ ги избегна

Олег Пороховњиков/TASS
Во руската историја имало неколку меѓународни конфликти за кои не постоело друго решение освен војна. Сепак, руската дипломатска виртуозност и професионализмот на руската армија во неколку наврати ја имаат спасено Русија (а, понекогаш и целиот свет) од катастрофални последици.

1. Амбасадата на Русија во Техеран (1829)

Сцена од филмот „Смртта на Вазир-Мухтар“

Кога толпа револтирани Персијци ги отепале руските дипломати во Техеран сите биле убедени дека војната помеѓу Русија и Персија е неизбежна. Проблемот бил во тоа што Руската империја во тој момент веќе војувала против Отоманското царство и не можела истовремено да се бори на два фронта.

Јавноста во Персија била револтирана поради Туркманчајскиот договор (1828) со кој е завршена Руско-персиската војна (1826-1828) и со кој Персија била вовлечена во долготрајна економска и политичка криза – морала да ѝ отстапи на Русија огромна територија и да ѝ плати голема воена отштета.

Револтот на народот бил толку голем што веќе на 11 февруари 1829 година толпа гневни Персијци навлегла во руската амбасада во Техеран и отепала триесеттина дипломати и козаци од обезбедувањето. Меѓу жртвите бил и познатиот руски писател Александар Грибоедов.

Сепак, земјите не завојувала зашто ниту едната, ниту другата не биле подготвени за војна. Персија испратила емисар на рускиот цар со оправдувања и со подароци кои царот Николај Први со задоволство ги примил.

2. Инцидентот во Панџдех

Битката кај Паџдех (Битката кај Кушка)

„Големата игра“, односно конфронтацијата помеѓу руската и британската империја во борбата за геополитичка доминација во Централна Азија не била следена го големи судири на двете суперсили. Само инцидентот во Панџдех ги довел на работ на отворена војна.

Имено, руските трупи во 1885 година влегле на територијата на Панџдех во Авганистан, кој тогаш бил под протекторат на Велика Британија. Британците биле мошне загрижени од пробивот на Русија во зоната на своите интереси, па го поттикнале авганистанскиот емир со сила да ги протера Русите.

Битката била завршена со надмоќна победа на Русите. Британците биле подготвени самите да војуваат со Русија, но руските дипломати ги увериле дека Руската империја ќе ја запре понатамошната експанзија во овој регион.

3. Инцидентот на Догер Бенк (1905)

Разорувачот „Кнез Суворов“ кој учествувал во конфликтот

Судбоносната војна на Русија против Јапонија можела да биде уште полоша доколку Велика Британија била подготвена да влезе во војна на страната на Јапонците.

Причината за тоа била што руската морска ескадра го напуштила Балтичкото море и се упатила кон Далечниот Исток и притоа речиси ќе влегла во војна со Англичаните.

Во близина на англискиот брег руските воени бродови отвориле оган врз тамошните рибарски бродови зашто ноќе во маглата не можеле добро да го увидат и мислеле дека е тоа јапонска флота. Загинале неколку рибари, а потопен бил еден рибарски брод.

Револтираните Англичани рекле за Русите дека е тоа „флота лудаци“ и почнале да се подготвуваат за војна. За среќа, Русите им платиле компензација на рибарите, така што инцидентот завршил мирно, без понатамошна ескалација.

4. Кубанската ракетна криза (1962)

Разлог је био тај што је руска морска ескадра напустила Балтичко море и упутила се на Далеки исток и том приликом готово да је заратила са Енглезима.

Оваа криза за малку не ги вовлекла двете суперсили во нуклеарна војна. Студената војна можела да промине во врела фаза кога Американците во 1961 година поставиле во Турција балистички ракети „Јупитер“. Тие можеле да стасаат до Москва, така што Советите овој потег го оцениле како голема опасност.

Советскиот Сојуз не одолговлекувал со одговор – набргу на Куба (новата сојузничка земја во која владеела комунистичка идеологија) поставил над 50.000 војници и нуклеарно оружје. Островот веднаш бил блокиран од воената морнарица на САД.

Само тесната соработка на Никита Хрушчов и Џон Кенеди во октомври 1962 година го спречила нуклеарниот конфликт. Советите ги повлекле своите нуклеарни ракети од Куба, а САД ја симнале блокадата и ги повлекле ракетите „Јупитер“ од Турција.

5. Советско-кинескиот пограничен конфликт (1969)

Советско-кинескиот пограничен конфликт од 1969. Одред кинески војници се обидува да се пробие на островот Дамански на територијата на СССР

Овој пограничен конфликт околу малечкиот остров Дамански (Џенбао) на реката Усури (кој му припаѓал на СССР, но Кина тоа го оспорувала) можел да предизвика директен воен судир помеѓу двете најголеми социјалистички земји на светот. Голема среќа е што пограничниот судир сепак не прераснал во отворена војна од големи размери.

Во текот на две недели во март 1969 година советските граничари и припадници на армијата се бореле против бројните единици на Кинеската народноослободителна армија. Дошло дури и до применување на тајните ракетни фрлачи со повеќе цевки БМ-21 „Град“ кои буквално со земја срамниле неколку кинески вода.

Советите изгубиле 58 луѓе. Кинеските загуби не се обелоденети, но се проценува дека загинале над 600 кинески војници. Кина не сакала да го продолжи конфликтот. Островот Дамански е прогласен за неутрална територија и таков статус имаше сè до 1991 година кога ѝ беше даден на Кина.

6. Лажната нуклеарна тревога во Советскиот Сојуз (1983)

Станислав Петров во воена униформа во 1999 година.

На 25 септември 1983 година судбината на целиот свет била во рацете на еден човек.

Советскиот систем за рано откривање нуклеарен напад на тајната база „Серпухов-15“ во близина на Москва детектирал лансирање на неколку американски интерконтинентални балистички ракети.

Советскиот нуклеарен контранапад, а заедно со него и почетокот на Третата светска војна во целост зависела од одлуката на еден човек – полковникот Станислав Петров. Тој тогаш бил дежурен офицер во базата „Серпухов-15“. Имал на располагање само неколку минути за да ги анализира сите достапни информации и да донесе правилна одлука.

За среќа, сè завршило така што Петров ѝ соопштил на Москва дека станува збор за лажна тревога. Така е избегнат гарантиран нуклеарен Армагедон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња