Во Русија пронајдени остатоци на жена со „вонземјански” череп (ВИДЕО)

Остатоци на жена со издолжен череп како на вонземјанин, за кои се верува дека потекнуваат од античкиот период, се пронајдени при ископувања на древни гробишта во јужна Русија.

Од 2017 година на извонредното наоѓалиште на Гамурзиевската праисториска населба во градот Нарзан во Ингушетија беа пронајдени коски на луѓе и на бројни домашни и диви животни, како и голем број предмети од керамика, украси и бронзени врвови на стрели.

Голем интерес привлече еден специфичен наод: женски скелет со вештачки предизвикана деформација на черепот и вратот, кој потекнува од IV – VI век од нашата ера. Обичајот вештачки да се предизвикува деформација на черепот, како што покажуваат наодите од различни континенти, бил распространет кај многу народи во светот, како што се Сарматите, Аланите, Хуните итн. Историјата познава голем број примери со намерна промена на обликот на главата. Деформацијата се предизвикувала на рана возраст со врзување на главата, со поставување на обрач или на други начини. Така главата добивала издолжен облик. Децата ги носеле овие повези барем во текот на неколкуте први години од животот.

Деформацијата можела да биде знак на посебниот статус на човекот, неговото благородно потекло, што му давало привилегии во општеството. Тоа го потврдува фактот дека меѓу Аланите деформациите биле распространети токму меѓу елитата. За припадниците на древната култура, кои немале знаење ниту можност писмено да ја бележат историјата, да ги проучуваат и проценуваат фактите, најголем авторитет претставувало минатото на нивните предци и увереноста во светоста на сето она со што се занимавале и што го создавале. Затоа сѐ што правеле припадниците на младото поколение било копија на однесувањето на нивните предци. Меѓу овие општествени „норми“ била и деформацијата на черепот, за која денес сведочат археолошките наоди.

Прочитајте повеќе: На Крим откриен гроб на „дете-вонземјанин“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња