Ленин во Смољни (сликарот Исаак Бродски).
Global Look PressКога на почетокот на февруари 1918 година болшевиците објавија дека не ги признаваат долговите на семејството Романови„светот на меѓународните финансии беше шокиран, а владите на големите сили едногласно ја осудија ваквата одлука“. Вкупниот долг од 60 милијарди рубли беше отфрлен, од кои 16 милијарди беа надворешен долг.
Одлуката на Ленин симболизираше раскинување со царска Русија и на практично ниво ги намали трошоците за одржување на долговите кои ја оптоваруваа цивилната власт со граѓанската војна која беше во тек. Една и пол година подоцна Ленин рече дека Москва ќе ја разгледа можноста за враќање на долговите, доколку силите на Антантата престанат да ги поддржуваат антиболшевичките сили и доколку ја запрат директната воена интервенција во Русија.
Странската поддршка и интервенциите престанаа, но не зашто големите сили се потчинија на барањата на Ленин. Болшевиците едноставно однесоа превласт во граѓанската војна и прашањето на долговите кон најголемите кредитори (Франција и Велика Британија) со децении остана нерешено.
Од 1880 до 1917 година граѓаните на Франција имаа купено руски обврзници во вредност од околу 30 милиони рубли и нивните денешни сопственици веруваат дека тие сега вредат околу 30 милијарди евра. Ова е став кој не го делат официјалните лица ниту во Париз, ниту во Москва, а Франција никогаш официјално не го поставила прашањето за рускиот царски долг.
Незадоволни сопственици на руските обврзници ги бранат своите сопственички права пред судот во Париз на 6 јуни 2001 година.
AFPПричината можеби лежи во тоа, како што пишуваат медиумите, што по руската револуција Париз го конфискувал имотот кој ѝ припаѓал на царската власт. Исто така има добиено и руско злато од Берлин во вредност од 120 милиони златни рубли. Берлин златото го има добиено од владата на Ленин во 1918 година во склоп на Брест-литовскиот мировен договор со Германија. Тоа никогаш не ѝ е вратено на Русија. Французите го зедоа златото, но никогаш не ја исплатија компензацијата на сопствениците на руските обврзници.
Руската влада се согласи да ги исплати овие долгови, иако правно не беше обврзана да го направи тоа. Ова беше гест на добра волја за Русија да обезбеди влез во составот на Парискиот клуб, неформална меѓународна група на земји-кредитори кои преговараат со должниците кога ќе се појават тешкотии.
Кон средината на деведесеттите години од минатиот век Москва потпиша договор со Франција за долговите на Романови. До 2000 година на Париз му беа исплатени 330 милиони евра. Русија успеа почетната сума да ја намали за 2.5 пати и одговорноста за исплатата на долговите на сопствениците на царските обврзници да ја префрли на француската влада.
Оттогаш Москва повеќе пати соопшти дека ова прашање е затворено и дека не постојат основи да се разгледаат какви било понатамошни исплати. Но, околу 400.000 лица од Франција бараат милијарди евра од Русија, без никаква шанса некогаш да добијат пари.
Само за време на Првата светска војна Велика Британија на Русија ѝ има позајмено вкупно 5.5 милијарди златни рубли. Вкупниот долг бил многу поголем. Како гаранција дека ќе се вратат долговите Петроград на Лондон му испратил злато во вредност од 600 милиони рубли. Но, дури и задржувајќи го златото, Лондон поради одлуката на Ленин изгуби многу повеќе одошто доби со царскиот скапоцен метал.
Горбачов и Тачер.
APНо, и покрај оваа разлика, Москва во 1986 година успеа да постигне договор за отпишување на долгот. Горбачов и Тачер ги отфрлија заемните побарувања. Според договорот, на сопствениците на руските обврзници им се исплатени 10% од вредноста на обврзницата и тоа од средствата на руското царско семејство што се наоѓаа во британските банки од Револуцијата.
Стокхолм, исто така, е еден од руските кредитори. Набргу по револуцијата Шведска ѝ дала на Русија кредит од 330 милиони круни (околу 10 милиони златни рубли), како обезбедување на овој долг Русија на Стокхолм му испратила злато во вредност од 5 милиони рубли.
Кон почетокот на триесеттите години од минатиот век Шведска си поврати околу една третина од вкупниот износ. Потоа двете страни ова прашање го прогласија за затворено.
*1 златна царска рубља вреди околу 20 американски долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче