Сергеј Лавров и Дејвид Милибанд.
APСите скандали се продолжување на надворешната политика на земјата. Тешко е да се каже дали тоа се должи на активностите на министрите за надворешни работи, кои се непосредна причина за противречностите. Сепак, за јавноста тие се тесно поврзани со лидерите на надворешната политика.
Сегашниот руски министер за надворешни работи се појави во необични за себе наслови како последица на војната меѓу Грузија и Јужна Осетија на 08.08.2008 година, конфликтот во кој Русија интервенираше по првичната офанзива на Тбилиси. Подоцна ЕУ сфати дека Москва не го иницирала конфликтот, но додека војната се разгоруваше, многу медиуми ги презентираа настаните како руска агресија.
Во овој медиумски контекст и на позадината на постојаниот притисок врз Москва од западните престолнини се одржа телефонскиот разговор меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и британскиот колега Дејвид Милибанд. Според новинарот од Daily Telegraph Ендрју Портер имало „повторувачко користење на „зборот на Е“ од страна на рускиот министер, кој, како што пишува новинарот, е „ветеран кој не е познат по дипломатскиот светоглед“. Фразата која според Портер Лавров ја користел, стана позната во рускиот интернет: „Кој си ти е... за да ме поучуваш?“
Според Лавров, сепак, тој не се обратил кон Милибанд на овој начин. Лавров го користел „зборот на Е“ само изразувајќи пред британскиот колега мислење за Саакашвили, еден од европските министри, кој неодамна се врати од Тбилиси. Тој го дефинира грузискиот лидер како „Е... лудак“. Лавров прибегнал кон оваа дефиниција во одговор на повиците на Милибанд за започнување на преговори меѓу Москва и Саакашвили.
Советскиот министер за надворешни работи Едуард Шеварнаѕе учествуваше во скандали од различен вид. Не се однесуваат на зборови, ами на дела. Летото 1990 година тој потпишува документ кој ја дефинира поморската граница меѓу СССР и САД во Беринговото Море - прашањето на кое двете страни не успеаја да најдат заедничко решение со децении. Договорот не беше ратификуван ниту од советскиот парламент, ниту од рускиот парламент (додека Конгресот на САД брзо го одобри). За повеќе од 27 години привремено е применет од страна на руската страна.
Според договорот, многу поголем дел од спорната територија од 15 квадратни наутички милји, важна за руските рибари, е дадена на САД. Во некои области Вашингтон исто така ја проширува својата економска зона надвор од традиционалните 200 милји и исто така, добива многу поголем дел од континенталниот гребен, каде потенцијално можат да се содржат нафтени и гасни наоѓалишта.
„...за 20 години нашите (руски) загуби изнесуваат 4 милиони тони риба, што е еднакво на 3 милијарди американски долари. Овој договор, кој доведе до загуби за нашите рибари, беше наречен од рибарите од рускиот Далечен Исток „линијата на предавството на Шеварнаѕе“, пишува во 2017 година поранешниот заменик-министер за рибарската индустрија на СССР Вјачеслав Зиланов. Слични проценки за загубите на Русија беа дадени од Судот на ревизори на Русија во 2003 година.
Во исто време самиот Шеварнаѕе инсистираше во 2004 година, дека тоа е колективно решение на советското раководство во тоа време. Во 2002 година, генералниот обвинител на Русија го разгледа случајот и дојде до заклучок дека нема ништо лошо во тоа што Шеварнаѕе го потпишал договорот. Сепак, 15 години подоцна, тој сè уште не е ратификуван од Москва...
Претходникот на Шеварнаѕе како министер за надворешни работи на СССР Андреј Громико, кој беше на оваа должност во текот на 28 години, успеа да избегне јавни скандали. Освен можеби еднаш, во 1960 година.
Човекот кон кого на Запад се обраќаше со „Ендрју волкот“, „Робот-мизантроп“ и „Човекот без лице“ беше принуден да дејствува на доста емотивен начин. Тој мораше да го поддржи својот шеф, кој ги шокираше луѓето.
Познато е дека Хрушчов тропаше со чевел на сесијата на Генералното собрание на ОН. Советскиот лидер се разгневи од критиките во врска со политиката на СССР од страна на британскиот премиер Харолд Макмилан и на тој начин го изрази својот гнев. „Искрено мојата прва мисла беше дека на Хрушчов му е лошо. Но, за момент сфатив дека нашиот лидер протестира на овој начин, обидувајќи се да го стави Макмилан во непријатна ситуација. Се напнав и почнав да тропам по масата - некој требаше да го поддржи шефот на советската делегација. Не погледнав кон Хрушчов, се чувствував непријатно. Ситуацијата беше комична“, му раскажал подоцна Громико на својот син.
Тој се сеќава дека делегацијата од Шпанија седела пред Хрушчов за време на неговиот говор. Еден од шпанските дипломати се наведнал наназад за да не биде случајно погоден од чевелот на советскиот лидер и му викаше на Хрушчов: „Не ни се допаѓате! Не ни се допаѓате!“ На Громико, исто така, не му се допаднал неочекуваниот потег, но тој немал друг избор освен да се приклучи на генералниот секретар во една од најсветлите епизоди во историјата на ОН.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче