Во 2005 година во Улјановск е подигнат споменик на буквата „ё“.
Oblam/WikipediaРуската азбука (кирилица) содржи 33 буквуи. Една од нив – „ё [јо]“ – која сега многумина Руси ја занемаруваат, е официјално родена на 29 ноември 1783 година. Кнегињата Екатерина Дашкова е одговорна за тоа: таа ѝ предлага на Руската академија диграфот „ио“ да стане „ё“.
Многумина водечки јавни личности ја поддржуваат нејзината идеја и буквата се користи во многу публикации и приватна преписка. Писателот Николај Карамзин помага да се популаризира буквата со неговата широко дистрибуирана збирка песни (објавена 1917 година).
Во советска Русија, задолжителната употреба на буквата „ё“ во училиштата е воведена 1942 година. Ова правило важи до ден-денешен, но во многу руски публикации оваа буква се користи само на барање на авторот. Во меѓувреме, некои руски зборови без оваа буква добиваат погрешно значење: „Передохнем“ [„ќе умреме“] – „передохнём“ [„ќе одмориме“]; „поем“ [„ќе јадеме“] – „поём“ [„пееме“]“.
Споменик на буквата „ё“ беше поставен во 2005 година во градот Улјановск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче