Дмитриј Лихачов
Јуриј Филипенко/Global Look PressПознатиот руски книжевен и културолошки деец Дмитриј Лихачов е роден на 28 ноември 1906 година во семејство на инженер од Санкт Петербург. Ги почнува своите студии во царско училиште но ги завршува во советско време една година по револуцијата во 1917. Во 1928 година, додека студира на Ленинградскиот државен универзитет, осуден е на пет години затвор за учество во студентска книжевна група наречена Космичка академија на науки за контрареволуционерни активности. Неговото прво дело – „Криминални игри со карти“ – е напишано и објавено во неговиот локален весник во Соловки (затворски камп).
Во 1932 година е пуштен од затвор и се враќа во Ленинград, каде работи како книжевен уредник. Неговиот основен фокус е врз проучувањето на старата руска литература. Во текот на опсадата на Ленинград е евакуиран во Казањ, каде продолжува да работи. Од 1946 работи на Ленинградскиот државен универзитет како предавач, а подоцна станува професор. Во 1970 станува академик на Советската академија на науки.
Лихачов е автор на повеќе од 500 научни труда и на повеќе од 600 публикации посветени на старата руска литература. Тој е исто така општествен деец и духовен лидер на руската интелигенција.
Умира на 30 септември 1999 година во Санкт Петербург.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче