Новосибирски филолози пронајдоа препис на познато дело на Иван Грозни

Виктор Васнецов. Царот Иван Грозни.1897.

Виктор Васнецов. Царот Иван Грозни.1897.

Третјаковска галерија
Се истакнува дека Канонот постоел исклучително во ракописната традиција и дека бил грижливо чуван меѓу руските староверци.

Филолозите на Новосибирскиот државен универзитет (НГУ) открија во музејот на градот Бијск во Алтајскиот крај печатена книга со залепени ракописни листови од непознат препишувач. Се работи за копија на познатото дело на Великиот кнез и првиот цар на Русија Иван Грозни „Канон на Ангелот Грозни до војводата“. Канонот постоел само во ракопис и бил грижливо чуван меѓу руските староверци, соопшти прес-службата на НГУ, пренесува ТАСС.  

Ракописните листови студентите на НГУ, кои биле на пракса во Бијскиот музеј, ги пронашле меѓу страниците на еден стар зборник со молитви кој во музејот го донела 85-годишната Марија Кузминишна; книгата во темен кожен повез ѝ останала од родителите кои се доселиле од Владимирската област.

„Овој текст, кој е литературно индивидуален, обоен со чувствата на авторот, во Грозни открива талентиран поет и познавач на химнографијата“, изјави доцентот на катедрата за древна литература и наука за книжевните извори на Хуманистичкиот институт при НГУ Валентина Мељничук.

„Канонот на Ангелот Грозни до војводата“ е познат како авторско дело на Партениј Јуродиви. Веќе во 19. век се појави претпоставка дека Партениј Јуродиви е псевдоним на царот. Во 20. век оваа претпоставка е научно поткрепен. Тоа го образложи Дмитриј Лихачов, кога го објави овој Канон во серијата „споменици на книжевноста на Стара Русија“ заедно со други стихови на царот.

„Во Канонот оној кој се моли му се обраќа на ангелот, Грозниот војвода на Небесниот Цар, кој ќе ја дочека неговата душа по смртта и ќе ја изведе на суд. Канонот го нагласува стравот на авторот пред ангелот „грозен и смртоносен“, додава Мељничук.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња