САД обелоденија план за провокации како повод за напад врз СССР

Никита Хрушчов и Џон Кенеди

Никита Хрушчов и Џон Кенеди

Јавен домен
За време на Кубанската ракетна криза во 1962 година, властите на САД разгледувале можност за организирање провокации во вид на напад врз американска или сојузничка воена база со помош на копии на советски авиони, за да се направи повод за напад врз СССР. За тоа се зборува во документите поврзани со истрагата за убиството на претседателот Џон Кенеди од кои Националниот архив на САД го симна печатот на државна тајна.

Според изданието „Дејли Колер“, во објавените документи се зборува за состанокот на „Специјалната група“ одржан на 22 март 1962 година. На консултациите присуствувале државниот јавен обвинител на САД Роберт Кенеди, претседателот Џон Кенеди, државниот секретар Дин Раск, директорот на ЦИА Џон Макоун, помошникот на американскиот претседател за национална безбедност Макџорџ Банди и претседавачот на Комитетот на началници на здружените штабови на Вооружените сили на САД, генерал Лајман Лемницер.

На состанокот е разгледувано „прашањето што го покрена јавниот обвинител во врска со можноста Америка да направи или набави копии на советски авиони“. Во документите под печат на државната тајна се набројани три причини за купување или изработка на советски бомбардери.

„Постои веројатност дека таквите авиони може да се искористат за провокација и имитација на воздушен напад од страна на непријателски (советски) авиони, за ненадеен напад врз непријателски објекти или операција со цел да се изврши провокација во која советските авиони ќе извршат напад врз САД или сојузнички објекти, што ќе биде причина за интервенција на САД“, пишува во документот.

За среќа, властите на САД беа доволно разумни да не организираат толку голема провокација која би можела да предизвика Трета светска војна.

Патем, властите на САД во 1962 година, за потребите на „обработување“ на јавното мислење планирале и голема специјална операција чии жртви би биле кубански емигранти. „Ние би можеле да подготвиме кампања на кубански комунистички терор на подрачјето на Мајами и другите градови на Флорида, па дури и во Вашингтон. Во таа терористичка провокација би можеле да бидат ангажирани  Кубанци кои бараат азил во САД“, го цитира весникот „Мајами Њу Тајмс“ генералот Едвард Ландсдејл. Било планирано да се активираат неколку бомби со пластичен експлозив на добро одбрани места, по што би следело апсење на „кубански агент“ и објавување на претходно подготвени документи кои ја потврдуваат вмешаноста на Кубанците.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња